Регион
15-годишно девојче падна од тераса во Косово

15-годишно девојче паднало од зграда во Србица и со тешки повреди било пренесено во болница, каде што им подлегнало на повредите.
По паѓањето од балконот на зграда во Србица, девојчето било итно префрлено во локалната болница на лекување, а потоа и во Универзитетскиот клинички центар во Косово, каде што починало.
Во полициското соопштение се наведува дека девојчето паднало од зградата околу 17.30 часот.
„Жртвата е испратена на лекување во регионалната болница, а потоа продолжила кон Приштина, каде што, како што е соопштено, жртвата починала. Со одлука на обвинителот телото е испратено на обдукција“, се вели во соопштението објавено од медиумите на албански јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Полјак се изгубил на 20 метри од автопат во Црна Гора: „Мислевме дека локацијата е грешка“

Службата за заштита и спасување на Котор интервенираше синоќа поради млад Полјак кој се изгубил на 20 метри од главниот пат.
„Во 19:10 часот, Службата за заштита и спасување беше известена од оперативно-комуникацискиот центар 112 дека едно лице, странски државјанин, бара помош, или дека е изгубено во подножјето на планината Врмац.
Локацијата што ја добивме ја сметавме за грешка, бидејќи стануваше збор за позиција на 20 метри од главниот пат. Да, добро прочитавте. Лицето беше изгубено на 20 метри од главниот пат. Со користење на дрон со термичко снимање и двајца пожарникари, лицето беше „спасено“. Овој пат, не беше потребен хеликоптер.
Што мислите, дали толерирањето на ова однесување на странците сè уште е оправдано? Мислиме дека одамна не е. А стануваше збор за младо машко лице (20 години) од полска националност“, рекоа пожарникарите од Котор.
фото: фејсбук
Регион
(Видео) Демонстрантите во Србија фрлаа јајца врз автобуси со поддржувачи на Вучиќ

Вчера во Чачак се случи инцидент кога граѓаните запреа автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) кои пристигнаа од други градови за да учествуваат во протест против блокадите и студентските демонстрации.
Iznos dnevnice za kurčenje po Čačku je porastao na soma evra. Ovi više ni na svadbu u Čačak neće doći. Garant. pic.twitter.com/EyRZJFHGOg
— Grof od Kačulica (@Grof_OdKaculica) September 7, 2025
Според извештајот на Н1, собраните граѓани на Чачак успеаја да ја сопрат колоната автобуси, по што ги гаѓаа со јајца.
Протести против блокадите се одржаа во Србија и минатата недела. Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ изјави дека околу 126.000 луѓе учествувале на 111 собири. Паралелно се одржаа и контрасобири во неколку градови, од кои најголемите беа во Шабац, Ниш и Чачак.
фото: принтскрин
Регион
Над 126.000 луѓе присуствуваа на 111 собири против блокадите во Србија

Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави дека на 111-те собири „Граѓани против блокади“, чие одржување го пријави Центарот за социјална стабилност, денеска имало вкупно 126.399 луѓе.
Тој рече дека сите собири поминале без инциденти, но дека во Шабац и Чачак имало ненајавени паралелни собири на луѓе кои се обиделе да го спречат одржувањето.
„На ненајавениот собир во Шабац, сообраќајот бил затворен, граѓаните (против блокади) биле запрени од група луѓе… Таму можело да се случат инциденти, јас лично разговарав (со организаторот на собирот) и ги замолив да ја променат рутата. Разговарав и со претседателот Александар Вучиќ. Морам да напоменам дека на регистрираниот собир биле над 4.200 луѓе, додека на ненајавениот собир имало околу 400, значи десетпати помалку. Организаторите го прифатија мојот предлог за промена на рутата, поради што им се заблагодарувам за разбирањето“, рече директорот на полицијата.