Регион
Во Хаг почнува повтореното судење на Рамуш Харадинај

Повтореното судење на поранешниот командант на УЧК, Рамуш Харадинај обвинет за злосторства сторени над косовските Срби, Роми и албанци во околината на Дечани во 1998 година, започнува денеска пред Хашкиот трибунал со воведните зборови на обвинението и одбраната.
Повтореното судење на поранешниот командант на УЧК, Рамуш Харадинај обвинет за злосторства сторени над косовските Срби, Роми и албанци во околината на Дечани во 1998 година, започнува денеска пред Хашкиот трибунал со воведните зборови на обвинението и одбраната.Заедно со Рамуш Харадинај, обвинети се и неговите во тој период хиерархиски потчинети Идриз Баљај и Љах Браимај.По првото судење, Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна Југославија, во април 2001 година, Трибуналот го ослободи од обвинението Харадинај и Баљај, додека третообвинетиот Браимај беше осуден на шест години затвор поради злосторства сторени врз притворените во логорот на УЧк во селото Јабланица кај Дечани. Усвојувајќи ја жалбата на првостепената пресуда, апелациониот совет на Трибуналот наложи на 21-ви јули минатата година судењето на Харадинај и сообвинетите да биде повторено по шест од 37 точки од првото обвинение кои се однесуваат на злосторствата врз притворениците во заробеничките логори на УЧКИ во селото Јабланица кај Дечани од март до септември 1998 година.Одлуката за повторувањето на судењето беше донесена затоа што во првата постапка не сведочеа клучните сведоци, поранешните припадници на УЧК во логорот Јабланица, Шефкет Кабаши и уште еден сведок чиј идентитет е заштитен. Повторувањето на судењето е наложено бидејќи клучните сведоци одбија да сведочат под изговор дека се „вознемирувани и заплашувани“ Пред започнувањето на новиот процес, одбраната на Харадинај тврди дека овие сведоци нема да сведочат ниту на повтореното судење. Со новите обвинение, Харадинај, Баљај и Браимај во шесте точки се обвинети за убиства, нехумани постапки и малтретирање, како и кршење на законите и обичаите на војувањетоХарадинај беше уапсен во Приштина на 20-ти јули минатата година и префрлен во притворот на Хашкиот трибунал каде се наоѓа и сега. Второбвинетиот Баљај во Шевенинген е префрлен од затворот во Косово каде отслужуваше казна на која е осуден пред локален суд. Според обвинението Харадинај од 1998 до 1999 година бил лидер на УЧК во околината на Дечани, Баљај командувал со специјалната единица „Црни орли“, а Браимај бил член на главниот штаб на УЧК и командант на притворот за заробениците од страна на Ослободителната војска на Косово (ОВК-УЧК).Првото судење на Харадинај и другите обвинети почна на 5-ти март 2007 година, а првостепената пресуда беше изречена на 3-ти април 2008 година. Обвинителите пред судскиот совет во текот на процесот изведоа 81 сведок а двајца одбија да сведочат и покрај обврзувачкиот налог од Трибуналот.Харадинај доброволно се предаде на Трибуналот на 9-ти март 2005 година, веднаш откако претходно поднесе оставка на функцијата премиер на Косово. Истиот ден од Приштина во Хаг беа префрлени и Баљај и Браимај.Во првото појавување пред судот, сите тројца ги отфрлија обвиненијата изјавувајќи дена не се чувствуваат виновни. Трибуналот на привремена слобода до почетокот на судењето го ослободи рамуш Харадинај на 9-ти јуни 2005 година, а подоцна на барање на одбраната и покрај противењето на обвинителството, му дозволи во ограничена мера јавно да настапува на Косово како лидер на партијата Алијанса за иднината на Косово./крај/бета/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.