Регион
Германската канцеларка во посета на Белград

Германската сојузна канцеларка Ангела Меркел денеска ќе престојува во посета на Белград.
Германската сојузна канцеларка Ангела Меркел денеска ќе престојува во посета на Белград.Конзервативната канцеларка во својата редовна видео порака најави дека во Белград ќе побара од Србија да ги обнови преговорите со Косово. Ангела Меркел изјави дека сите членки на Европската унија (ЕУ) мораат да покажуваат „изразена волја за да ги решаваат мирно судирите помеѓу себе, со дијалог и со почит на принципите на правната држава“. Ова важи, како што предупреди канцеларката во својата видео-порака, како за државите кои се веќе членки на ЕУ, така и за оние кои, како што се изрази „допрва сакаат да ни се придружат“, пренесува Бета.Според наводите на германските медиуми, канцеларката во Белград ќе се обиде „да го зголеми притисокот врз Србија“. Германскиот став дека границите на Балканот се конечно дефинирани и дека територијалниот интегритет на Косово е неповредлив, уште од претходно и е познат на Србија, пренесува агенцијата Бета. Соговорници на Ангела Меркел во Белград ќе и бидат претседателот Борис Тадиќ и премиерот Мирко Цветковиќ, а предвидени се средби и со сопругата на некогашниот премиер, Ружица Ѓинѓиќ. Клучни теми на разговорите се очекува да бидат европската интеграција на Србија, како и односите во регионот, пред се политиката на Србија кон Косово и Босна и Херцеговина. крај/б/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.