Регион
Давутоглу: Поттик за поширока интеграција, наместо поделби на Балканот
Министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу оцени дека земјите од Балканот не се само соседи кои живеат едни покрај други, туку „дека се семејство со густи општествени и културни врски“.
Министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу оцени дека земјите од Балканот не се само соседи кои живеат едни покрај други, туку „дека се семејство со густи општествени и културни врски“. „Овој регион е како чорба и ќе биде вкусен само доколку му се додадат сол и сите други состојки. Доколку било која состојка не биде додадена, чорбата нема да биде вкусна“, наведе Давутоглу во авторски текст кој денеска го објави сараевскиот весник „Дневни аваз“, и додаде дека никој не смее да размислува за протерување на население или егзил на поединци.„Мораме да развиеме повеќе регионални иницијативи, да ја засилиме соработката и да развиеме начини и средства за решавање на проблемите. Затоа, историски чекор може да се нарече трилатералниот механизам помеѓу Турција, Србија и Босна и Херцеговина“, наведува Давутоглу. Тој дополни дека „никој во деведесеттите години не можел да замисли дека Турција и Србија ќе работат заедно“, и дека покренувањето на мултилатерални процеси ќе го отвори патот кон пошироки иницијативи. Давутоглу порача дека дваесеттиот век, бил век на поделби и политичките лидери мора да бидат насочени кон креирање на дваесет и првиот век, како век на реинтеграција во регионот на Балканот. Тој порача дека иднината на регионот е во Европската унија, но и дека иднината на Европа исто така ќе биде обликувана од иднината на Балканот. Давутоглу нагласи дека оваа година, и годините кои доаѓаат, ќе бидат историска пресвртница за развој на нови пристапи во регионалната соработка на Балканот и ја понуди помоштта на Турција во проектот на одбележувањето од 100-годишнината од Балканските војни, кои би можеле да го носат името „Од балкански војни до балкански мир“. крај/dnevni avaz.ba/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

