Регион
ЛАОС нема да гласа за пакетот за помош на Грција

Лидерот на националистичката партија во коалициската влада на грчкиот премиер Лукас Пападимос, Јоргос Караџаферси во петокот изјави дека не може да гласа за договорот за пакетот помош во висина од 130 милијарди евра со кој Грција би го избегнала банкротот.
Лидерот на националистичката партија во коалициската влада на грчкиот премиер Лукас Пападимос, Јоргос Караџаферси во петокот изјави дека не може да гласа за договорот за пакетот помош во висина од 130 милијарди евра со кој Грција би го избегнала банкротот. „Им објаснив на другите политички лидери дека не можам да гласам за договорот за кредитот“, изјавил на прес-конференција Јоргос Караџаферис, пренесува Reuters.Партијата ЛАОС има 15 мандати од вкупно 300 пратенички места во грчкиот парламент, што значи дека нивното негласање за новиот пакет меѓународна финансиска помош за Грција нема да го спречи неговото усвојување.Краџаферис, исто така, побарал промени во коалиционата влада и формирање технократска влада.Тој додал дека претставникот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Грција, Пол Томсен, треба да биде прогласен за непожелна личност во Грција. „Доколку сакаме работите да тргнат напред, Пол Томсен мора да биде прогласен за персона нон грата во Грција“, рекол Караџаферис./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.
Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот Вудро Вилсон во Белград на вода, објави РТС.
View this post on Instagram
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23.13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои се гледаат телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин