Регион
80-годишен маж почина во Црна Гора откако беше вакциниран со „астразенека“, покрената е истрага

Црногорскиот институт за јавно здравје синоќа објави дека во моментов нема докази за поврзаноста помеѓу вакцината на „Астразенека“ и смртта на 80-годишен пациент кој починал откако ја примил вакцината во саботата.
Здравствените власти нема да ја запрат акцијата за вакцинирање на населението сè додека, како што објавија, не се докаже јасна врска помеѓу вакцината и смртта на 80-годишникот, кој имал други хронични болести.
„Не оставајќи ништо на случајноста и вршејќи ја својата работа свесно, совесно и транспарентно, Комисијата за анализа на несакани настани по вакцинирањето на Институтот за јавно здравје ја испитува можноста за поврзување на смртта на 80-годишен пациент со бројни здравствени ризици и придружни болести кои можат да резултираат со ненадејна смрт, со вчерашната вакцинација со ‘астразенека’“, се вели во соопштението, истакнувајќи дека црногорските здравствени власти побарале ексхумација и обдукција на починатиот пациент со цел конечно да се утврдат непосредните причини за смртта.
Властите во ова земја објавија дека имунизацијата треба да продолжи со оглед на сите моментално достапни податоци, како и фактот дека прекинувањето на вакцинирањето би претставувало потенцијално поголем ризик по здравјето на невакцинираните поради можност од нови зарази со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.