Регион
Младите Срби сè помалку сакаат да живеат во странство

Бројот на младите луѓе во Србија, кои што сакаа да живеат во странство, се намалил
Бројот на младите луѓе во Србија, кои што сакаа да живеат во странство, се намалил.
Ова, како што пренесува Макфакс, вчера го соопшти српската министерка за млади и спорт Снежана Самарџиќ-Марковиќ, која додаде дека значително се зголемил бројот на оние што ја гледаат својата иднина во местото каде што живеат.
Според истражување, во однос на декември 2007. година за над 10% се намалил бројот на младите на возраст од 15 до 30 години што сакаат да ја напуштат Србија.
Податоците од проучувањето, изготвено од Центарот за слободни избори и демократија, покажуваат дека мотивите за напуштање на земјата остануваат исти – стандардот, како и можноста за подобро образование и усовршување.
Истражувањето покажува дека само 15% од младите на возраст од 15 до 19 години се подготвени да ја напуштат земјата, 175 се од групата од 20 до 24 години, а во групата од 25 до 29 години оваа бројка изнесува 57%.
Се зголемил и бројот на младите што би живееле во поголем град, додека младите од Белград се задоволни од местото на живеење. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.