Регион
97 лица го загубија животот во пожарот во Атика

Бројот на загинати во пожарот што минатиот месец избувна во Атика, во близина на Атина се зголеми на 97 лица.
Грчката противпожарна бригада соопшти дека во шумскиот пожар што изби на 23 јули, на местото на настанот смртно настрадале вкупно 83 лица, додека 14 починале во болниците во кои биле сместени.
Стотици луѓе останаа без покрив над глава, сликата по пожарот беше страотна. Улиците и куќи беа претворени во пепел, а повеќе од 180 луѓе беа повредени.
По катасрофалните пожари, Грција направи промена на началниците на полициските сили и противпожарната бригада.
Смената на началниците следеше ден откако под притисок на јавноста, оставка си поднесе и министерот за јавен ред Никос Тоскас.
Пред само неколку дена грчкиот весник „Катимерини“ објави и видео снимка на која се гледа како избувнал пожарот на 23 јули во областа Даоу Пентелис.
Снимката во моментов ја анализираат експерти. По пожарите во Грција имаше и низа апсења. Грчкиот премиер по пожарите изјави дека ќе се рушат илјадници дивоградби, откако беше проценето дека илегално изградените објекти биле причина поради која стотици луѓе останаа заробени по патиштата и во своите домови за време на големите шумски пожари во регионот Атика, во близина на Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Силно невреме во Србија: ветерот корнеше дрвја, дел од зградите останаа без покриви

Силна бура го погоди Белград и некои делови од Србија во раните попладневни часови. Пет лица се повредени, а предизвикана е голема материјална штета, пренесуваат тамошните медиуми.
Бурни налети на ветер соборија кран на градилиштето во Нов Белград, превртеа приколка за влечно возило, а осамна и видео од Ледино кај Сурчин, каде што бројни станбени згради останаа без покриви. Луѓето во областа според написите, избегаа без никакви последици, а најмалку две згради останаа без покриви.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, објавува Спутник.
МУП издаде и тревога за ризик од силна бура со дожд, грмежи, голем град и силни налети на ветер.
Регион
Поради екстремните горештини затворен познатиот Акропол во Грција

Поради екстремната топлина што ја зафати Грција, познатиот Акропол во Атина ќе биде затворен за посетители до 17 часот.
Во земјата се очекуваат температури до 42 степени, а издадени се и бројни предупредувања поради зголемениот ризик од пожар, јавува Би-Би-Си.
Грчките власти одлучија повторно да го затворат Акрополот, еден од најпосетуваните археолошки локалитети во Европа, додека метеоролозите најавуваат нови високи температури и многу висок ризик од пожар.
Министерството за култура објави дека Акрополот ќе биде затворен во најжешкиот дел од денот, помеѓу 13 и 17 часот.
„Мерката е усвоена за безбедноста на вработените и посетителите“, соопшти Министерството за култура. Повеќе од 4,5 милиони луѓе го посетуваат Акрополот годишно.
Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.