Регион
Мигрант убиен во масовна тепачка во Белград
Еден мигрант е убиен, а друг е ранет при улична пресметка во понеделник во центарот на Белград, јавуваат српските медиуми.
Полицијата уапсила петмина мигранти осомничени дека учествувале во тепачката и дека кај нив пронашла ножеви.
Убиениот мигрант е Авганистанец, а на него натрчала поголема група мигранти со ножеви и палки, кои започнале да го тепаат, а во мешаницата некој го прободел со ноќ.
Во моментот во Србија има 6.300 мигранти, повеќето сместени во центрите за азиланти. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Шефот на дипломатијата на Босна и Херцеговина: Мора постојано да внимаваме на малигното руско влијание
Босна и Херцеговина мора да биде во постојана готовност поради малигното руско влијание, а наводите за обука на лица што требаше да предизвикаат немири во Молдавија за време на минатонеделниот референдум и претседателските избори треба да бидат темелно истражени, предупреди министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ.
Молдавската полиција извести дека минатата недела извршила рации во целата земја и уапсила неколку лица под сомнение дека подготвувале немири по инструкции од Русија, кои требало да го попречат референдумот.
Истрагата на молдавската полиција претходно доведе до информации дека Русија вложила значителни ресурси и пари за да не го попречува референдумот и да влијае на претседателските избори, па затоа организирале специјална обука на своја територија, но и во Србија и Босна и Херцеговина. Според собраните информации, таму биле обучувани млади луѓе, кои требало да учествуваат во проруски демонстрации.
Во исто време кога оваа информација беше објавена од Министерството за безбедност на БиХ, на чело со Ненад Нешиќ, коалицискиот партнер на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, имаше експресен демант во кој тие ги обвинија медиумите за ширење неточни информации, „кои апсолутно немаат врска со Босна и Херцеговина“.
Нема потврда за постоењето некои кампови за обука, но ОСА утврди дека пред два месеца во БиХ престојувале странски државјани од Истокот, кои може да се поврзат со обиди за организирање групи, чија цел е да ги нарушат јавните собири.
Потоа, министерот за надворешни работи, Конаковиќ, најави дека лично ќе инсистира на Советот на министрите на БиХ целата работа да се расчисти до крај бидејќи е сигурен дека во неговата земја има луѓе штосе занимаваат со конкретни задачи поврзани со руско влијание, а сега има информации и од ОСА, пренесуваат локални медиуми.
„Ова укажува и повикува на претпазливост, која мора да биде постојана кај нас, кои живееме во Босна и Херцеговина“, рече Конаковиќ.
Регион
Нови дојави за бомби во неколку училишта во Сараево: „Одреден број ученици не ја сфатија сериозноста на делото, ќе одговараат“
Во Сараево утрово се проверуваат одредени локации поради нови дојави за бомби. Повторно се работи за училишта, ова за Н1 го потврди Мерсиха Новалиќ, портпаролка на МВР на кантонот Сараево.
Како што истакна таа, за тројцата малолетници кои синоќа беа уапсени поради дојава за бомба, се уште се води кривична обработка во службените простории на МУП на КС.
„За жал, очигледно е дека одреден број студенти не ја сфатиле сериозноста на ситуацијата или сериозноста на дејствијата што ги направиле и дека за нив ќе одговараат, па затоа утрово имаме одредени локации кои ги проверуваме“ изјави Новалиќ.
Според агенцијата Фена, прес-конференцијата, која ја најавија Музиколошкото друштво на БиХ и Музичката академија на Универзитетот во Сараево, е откажана за денеска во 11 часот на Музичката академија поради нова дојава за бомба добиена од сараевското средно музичко училиште.
Со оглед на тоа што во истата зграда се наоѓа Музичката академија, согласно законските процедури, должни сме да ги откажеме сите активности, вклучително и најавената прес-конференција“, соопштија од училиштето.
Во Сараево синоќа се уапсени тројца малолетници за кои постои основа за сомневање дека лажно пријавиле бомби во средните училишта.
Регион
Вучиќ: Договорено снабдување со гас од Русија по поволна цена
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се договориле за купување гас по поволни цени и дека ќе разговараат за долгорочен аранжман.
Во интервју за РТС, тој рече дека договорил шест милиони кубни метри гас дневно според формулата за нафта, која се пресметува врз основа на дневната цена на таа енергија на Холандската берза (TTF).
„Вчера гасот на ТТФ чинеше 440 долари, а за Србија 323 долари, што е многу поповолно“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека е договорена и испорака на два милиони кубни метри гас за руските компании во Србија, како што се Нафтената индустрија на Србија и Петрохемија.
Вучиќ изјави и дека се договорени дополнителни три милиони кубни метри гас, чија цена ќе се пресметува 70 отсто според цената на ТТФ, а 30 отсто според „нафтената формула“.
Тој потврди дека ќе разговараат и за долгорочното снабдување со руски гас за Србија со одредени „компромиси за работите од минатото“.
„Ние имаме вкупно 645 милиони кубни метри гас во резерви, така што луѓето не треба да се грижат. Цените што успеавме да ги договориме со руската страна се многу добри“, изјави Вучиќ.
Истакна дека е многу благодарен на руската страна за поддршката и помошта што им ја пружаат.