Регион
Балканот во опасност, илјадници вехабисти чекаат знак од Исламската држава
Нападите на исламистите на Балканот би можеле да се случат на Видовден, 28-ми јуни, предупредуваат експертите за безбедност и проценуваат дека илјадници екстремисти во Босна и Херцеговина се веќе активирани, пишува агенцијата од Република Српска – Срна.
Неодамна на некои од исламските интернет страници се појави видео снимка со наслов „Исламска држава на Балканот“. Тоа било сигнал за пет илјади потенцијални терористи, колку што сега има во БиХ, да се разбудат, да ги трујат изворите за вода за пиење, да рушат згради, да напаѓаат заштитени објекти.„Таа тактика на терористите од ткн Исламска држава веќе е видена во нападите на полициските станици во Зворник и Бугојно, амбасадата на САД во Сараево или кога експлодираше автомобил – бомба во Мостар“, потсетува членот на експертскиот тим за борба против тероризмот во Југоисточна Европа, Џевад Галијашевиќ.Пред неколку години функционери од Разузнавачко-безбедносната агенција на БиХ јавно зборувале дека во БиХ има повеќе од три илјади исламски екстремисти кои се подготвени за различни терористички акции. Меѓутоа, со основањето на Исламската држава, бројот на џихадистите се зголемува секојдневно.„Според нашите проценки, сега има повеќе од сто илјади припадници на вехабистичкото движење. Од нив барем пет илјади се подготвени на „света војна““, истакнува Галијашевиќ.Тој предупередува дека исламистите во БиХ ја имаат цела потребна инфраструктура, бидејќи ги поддржуваат политичките лидери во сараево, пред се Бакир Изетбеговиќ како и претседателот на Саборот на Исламската заедница, Хасан Ченгич.Во овој момент никој нема точни податоци за тоа колку државјани на БиХ војуваат ширум светот. Според податоците на британската разузнавачка служба, само во Сирија војуваат 330 лица. Министерството за внатрешни работи на Република Српска располага со поинакви податоци. Според нивната евиденција, во Сирија моментално војуваат вкупно 180 државјани на БиХ, од кои 12 се од подрачјето на Република Српска.Според нивните податоци, досега на сириското боиште загинале 26 државјани на БиХ, од кои четворица имале регистрирано прибежиште во Република Српска. „Забележавме дека во „џихад“ отишле лица кои од претходно биле познати по екстремистичките ставови“ изјавил за Срна министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач.Според него, БиХ споро реагирала на учеството на своите граѓани на странските боишта. Донесувањето на законскиот пропис со кој се санкционира оваа појава доцнело цели три години во однос на заминувањето на првите доброволци во Сирија.Кривичниот закон на БиХ е изменет во 2014 година, но според мислењето на голем број угледни правници, нејасни се многу одредби, како докажувањето на кривичнјото дело кое се однеусва на санкционирањето на државјаните на БиХ кои војуваат на страната на паравоените или параполициските единиц.Косовските медиуми во понеделникот објавија информација, според која џихадистите се закануваат со напади во Скопје и Приштина. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

