Регион
Баросо: Добиениот кандидатски статус бара ангажирање

Европската унија (ЕУ) посакува да ја види Албанија како нов член, но се е во рацете на самите Албанци, а давањето на кандидатски статус нормално дека преставува голем успех на Албанија, но статусот бара максимално ангажирање и исполнување на сите обврски кон унијата, изјавил во понеделникот претседателот на Европската комисија (ЕК), Жозе Мануел Баросо по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.
Европската унија (ЕУ) посакува да ја види Албанија како нов член, но се е во рацете на самите Албанци, а давањето на кандидатски статус нормално дека преставува голем успех на Албанија, но статусот бара максимално ангажирање и исполнување на сите обврски кон унијата, изјавил во понеделникот претседателот на Европската комисија (ЕК), Жозе Мануел Баросо по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.
Баросо додал дека веста за добивањето на кандидатскиот статус на Албанија е добра вест и за регионот, и дека Албанија особено треба да се бори максимално против корупцијата и да изврши реформи во судството и другите сфери.
Баросо изјавил дека акциите на власта во селото Лазарат се поздравени од страна на Брисел, но дека сега треба да започне и блокирање на имотот на оние кои се бавеле со производство и шверц на дрога.
„Ја поздравувам иницијативата на Рама за средба со српскиот премиер во Белград“, истакнал Баросо./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.