Регион
Баша: Изборите во Албанија ги немаа потребните стандарди

Лидерот на албанската опозиција Лулзим Баша локалните избори во земјата ги оцени како проблематични, нагласувајќи дека тие ги немале потребните стандарди.
Баша по убедливиот пораз на неговата десна колиција, на изборите кои се одржаа на 21. јуни, истакна дека владеачката колиција предводена од социјалистите на Еди Рама на некоректен начин дошла до победа во поголемиот број на локални единици.
Според него имало притисок врз гласачите, купувани биле гласови, имало фиктивни гласачи, а новата територијална поделба на земјата била направена во интерес на левицата . Сепак, опозициониот лидер истакнал дека десницата добила повеќе гласови во споредба со претходните избори, одржани пред две години.
Премиерот Еди Рама ги отфрли овие тврдења на Баша и побара соработка со градоначалниците и од редовите на десницата .
Владеачката колација на локалните избори во Албанија, победи во 45 од 61 локална единица, додека пак десницата предводена од страна на Демократска партија доби само 15 локални единици. Една единица освои партијата на Грците .
Македонската партија – МАЕИ освои градоначалник во Пустец, и девет советници од кои седум во општина Пустец, и по еден во Поградец и Малик. крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.
Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.