Регион
Белград: Директен пренос од парадата во Москва која заврши со прелет на авијацијата

Во српската престолнина Белград во неделата со низа манифестации се одбележува 70-годишнината од победата над фашизмот а Рaдио-телевизија Србијa (РТС) директно ја пренесуваше воената парада од Црвениот плоштад во Москва, која заврши со прелет на военото воздухопловство на руската армија.
Директниот пренос од Москва беше емитуван на голем видео екран поставен во центарот на Белград, а на сцената пред Народниот музеј на Плоштадот на Републиката во текот на денот ќе се одржат низа програми на руски и српски музичари и уметници, а ќе биде емитуван и видео материјал од Втората светска војна.
Во центарот на Белград беа собрани повеќе стотици лица со знамиња на Србија и Русија, како и маички со ликот на рускиот претседател Владимир Путин.
На Црвениот плоштад во Москва во чест на 9-ит мај Денот на победата во Втората светска војна инаку во саботата дефилираше и единци на Гардата на Војската на Србија, а меѓу гостите на свечената трибина беше и српскиот претседател Томислав Николиќ.
Во меѓувреме досега најголемата воена парада во Москва заврши со прелетот на военото воздухопловство на руската армија кој започна со прелетот на стратешкиот бомбардер за долги летови „Ту-160“ или „Бел лебед“ кој може да понесе ракети со нуклеарни боеви глави.
Во рамките „воздушната парада“ првпат се појави новата генерација ловци од ткн генерација „4++“ – „Су-35“ и „Су-30’, модернизираните борбени хеликоптери !Ми-35 М“. Беше презентиран и авионот цистерна „Ил-78“, како и транспортниот авион „Ил-76“, и група на воената и оперативно-тактичка авијација.
Вкупниот број летала кои учествуваа на парадата во Москва во саботата бил 143, што според руските медиуми е двапати повеќе отколку на претходната во 2014 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.