Регион
Белград и Приштина ги продолжуваат разговорите во Брисел
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/vucuc20mustafa.png)
Премиерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа, во вторник, во Брисел, го продолжуваат дијалогот.
Премиерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа, во вторник, во Брисел, го продолжуваат дијалогот.
Темите за разговор се за енергетиката и телекомуникациите, како и за Заедницата на српски општини и за мостот во Косовска Митровица.Некои приштински медиуми јавуваат дека ќе биде договорено отстранување на барикадите на овој мост.Европската унија од Вучиќ и од Мустафа ќе бара да потпишат конкретни договори, пишува Danas повикувајќи се на дипломатски кругови.Минатата недела, исто така се разговараше на наведените теми, но не беа постигнати конкретни договори./крај/б/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Избран е нов патријарх на Бугарската православна црква
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/sofija-bugarija-3.jpg)
Бугарската православна црква го избра митрополитот Даниил за нов патријарх и митрополит софиски.
Ѕвоната во храмот на Александар Невски во центарот на Софија го најавија изборот на новиот патријарх, кој доби поддршка од 69 делегати на црковниот собор, додека митрополитот Григориј беше поддржан од 66 делегати, пренесе агенцијата БТА.
Патријархот се избира доживотно, освен ако не се пензионира.
На чело на Бугарската православна црква, Даниил Видински го наследи патријархот Неофит, кој почина во март на 78-годишна возраст, откако 11 години ја водеше црквата.
Новиот бугарски патријарх се смета за проруски настроен и тој застана на страната на Московската патријаршија во спорот со Вселенскиот патријарх во врска со независноста на Украинската православна црква, пренесе АП.
Даниил го критикуваше и протерувањето минатата есен на еден Русин и двајца белоруски свештеници обвинети за шпионирање за Москва.
Патријархот Даниил (52), роден Атанас Николов, студирал теологија во Софија, а потоа се замонашил во манастирот.
Тој припаѓа на првата генерација млади Бугари кои се приклучија на црквата по падот на комунизмот.
Регион
(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/grcija-pozar1.jpg)
Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција.
Оваа земја секоја година е жртва на пожари, а оваа година се очекува ситуацијата да биде уште понапната поради најблагата зима досега забележана во Грција, како и најраниот топлотен бран, со температури кои веќе достигнуваат до 44 степени целзиусови.
#BREAKING #Greece A major forest fire has erupted near Athens, Greece, with 17 planes aiding in the firefighting efforts.
This incident is part of a series of forest fires that have occurred across Greece over the weekend.
Footage: RT pic.twitter.com/JQf55JtsJ2
— The National Independent (@NationalIndNews) June 30, 2024
Два големи шумски пожари беснееја вчера вечер во Атика, регионот во кој се наоѓа грчката престолнина, а на жителите од најмалку осум области во близина на Атина им било кажано да се евакуираат.
Телевизискиот канал „Ерт“ објави дека 45-годишен маж починал од срцев удар додека се обидувал да избега од пламените јазици во Стамата, северно од Атина, каде биле забележани ветрови со брзина поголема од 70 километри на час.
Вчерашниот ден беше „најтешкиот ден со кој се соочија пожарникарите оваа година“, изјави за новинарите портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракогианис.
Во Кератеа, јужно од главниот град, пожарот што избувнал околу 13 часот зафатил автомобили и куќи, од кои најмалку четири биле целосно уништени, јавува Ертњуз.
„Ситуацијата е многу тешка бидејќи сè уште дува силни ветрови“ со брзина поголема од 60 км/ч, а „местата каде што избувнуваат се многубројни“, изјави за агенцијата АНА градоначалникот на Лавреотики, Димитрис Лукас.
Тој рече и дека воздушната база во близина во моментов не е загрозена.
Ден претходно во истото подрачје веќе избувнал пожар, но бил ставен под контрола. Пожарот ја зафати и индустриската зона Рикона на островот Евбеја, која се протега на речиси 160 километри долж Егејското Море.
Регион
Вучиќ го посети повредениот полицаец, му честиташе за неговата смиреност и храброст
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Vucic.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го посети повредениот припадник на Жандармеријата Милош Јевремовиќ (34), кој откако беше ранет од самострел, беше опериран и е во стабилна состојба.
„Пресреќен сум што Јевремовиќ Милош се чувствува добро по операцијата. Му честитав на Милош за неговата извонредна храброст, неговата смиреност и успешно завршената задача во борбата со терористот. Србија нема да има милост кон терористите“, напиша Вучиќ на фотографијата со ранетиот полицаец.
„Им честитам на командирите и на сите во полициските сили за исклучителното однесување на Милош Јевремовиќ, ќе му се оддаде почест штом ќе ја напушти болницата. Важно е што нашиот херој Милош е жив и здрав, покажа како треба да се реагира во таков момент“, изјави претседателот на Србија.
Непознато лице денес со самострел тешко го рани припадникот на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува израелската амбасада.
Припадникот на жандармеријата употребил оружје во самоодбрана и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.
Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека во Белград е уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување.
„Во Белград е уапсено уште едно лице осомничено за терористичко здружување. Станува збор за лице од Белград, родено 1999 година, кое веќе беше уапсено пред две години бидејќи бил администратор на неколку милитантни групи на Интернет кои повикувале на џихад“, соопшти Дачиќ.
Тој објасни дека случајот против него и понатаму се води, а тој е пуштен од притвор.