Регион
Безбедносните сили на Косово се подготвени да се трансформираат во војска

Командантот на Безбедносните сили на Косово (БСК), Кадри Кастрати во петокот изјавил дека БСК се подготвени да се трансформираат во Вооружени сили на Косово, а оваа трансформација во моментов зависи од косовскиот Парламент.
„Поради предвремените избори беше одложено усвојувањето на уставните промени, неопходни за трансформацијата на БСК во Вооружени сили. Но тоа на нам, како Косовски безбедносни сили нема да ни смета да продолжиме со работата во рамките на постоечкиот мандат. Ги одржуваме операционалните капацитети кои ги постигнавме, но работиме и на останатите долгорочни планови“, изјавил Кастрати во интервју за порталот Express.
Предлогот за трансформацијата на БСК во Вооружени сили не беше усвоен во косовскиот Парламент бидејќи за ова беше потребно двотретинско мнозинство од пратениците и претставниците на националните малцинства. Според Кастрати, БСК се подготвени и за ангажирање во меѓународните воени мисии кои се организирани од ОН и НАТО.
„Во моментов имаме околу 50 припадници кои се наоѓаат на разни тренинзи надвор од Косово. За неколку дена ќе ги пуштиме во Словенија, каде ќе учествуваат со уште 12 земји на теренски вежби кои ќе бидат водено од американските сили за Европа“, рекол Кастрати, додавајќи дека БСК напредувале на професионален план, исполнувајќи ги стандардите на НАТО./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.