Регион
БиХ: Повторно нападнат имамот кој е против регрутирањето за IS
Имамот Селведин Бегановиќ, кој отворено го критикува заминувањето на Бошњаците во редовите на радикалната сунитска организација Исламска држава (IS), повторно бил нападнат во саботата.
Како што пишува во неделата сараевскиот дневен весник Dnevni Avaz, имамот Бегановиќ се здобил со убодна рана нанесена со нож во пределот на рамото, по што непознатиот напаѓач побегнал. Инцидентот се одиграл околу пладне во саботата недалеку од џамијата кога имамот се подготвувал за верски обред.
Станува збор за четврти напад врз Бегановиќ во последните три месеца. На почетокот од декември непознато маскирано лица го нападна со нож и му нанесе тешки телесни повреди во рамото и на рацете. Само пет дена подоцна, на 13-ти декември, исто така маскирано лице го нападна на влезот од џамијата, при што имамот се здоби со голем број удари по телото и лицето На почетокот од јануари Селведин Бегановиќ беше нападнат недалеку од неговата куќа во близина на Велика Кладуша. Непознатиот напаѓач тогаш му пришол на имамот пред неговата куќа во местото Трнови, прво го удрил со тап предмет по главата, а потоа го нападнал со нож и му нанел две рани на две места по телото, во пределот на градите и на вратот.
Полицијата досега не успеа да идентификува ниеден од напаѓачите, а самиот имам ги опишува како следбеници на радикалните исламисти – селефистите.
Имамот Селведин Бегановиќ во своите јавни настапи остро се спротиставува на врбувањето на бошњачката младина за војната во Сирија, особено на страната на џихадистичките Исламска држава и Џебхат (Фронтот) ан-Нусра, која е сириски огранок на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.
Државното обвинителство на Босна и Херцеговина го обвини неформалниот лидер на радикалното селефиско движење во земјата, Билал Босниќ од општината Цазин, недалеку од Велика Кладуша, за тероризам, за поттикнување на заминување во војната во Сирија, за врбување и за финансирање терористички активности.
Меѓутоа, со апсењето и процесуирањето на Босниќ не е запрено заминувањето на Бошњаците на боиштата во Сирија и во Ирак. Минатата седмица во БиХ беа уапсени шест лица кои се подготвувале да заминат на боиште и да и’ се приклучат на Исламската држава, што од минатата година е кривично дело во БиХ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

