Контакт

Регион

Богат романски бизнисмен и политичар осуден на 10 години затвор

Објавено пред

Судот во Букурешт го осуди во петокот бизнисменот и политичар Дан Воикулеску на десет години затвор поради корупција по шестгодишно судење.

dobivaj vesti na viber

 

 

На еден од најбогатите Романци и основач на Конзервативната партија, која е дел од владејачката лева коалиција, му е судено од 2008 година поради приватизација на институтот за истражување на храната во 2003 година.

 

Воикулеску, соработник на поранешната комунистичка тајна полиција, го купи институтот со вредно земјиште и згради во Букурешт за 104,730 евра што е занемарливо во однос на реалната вредност која тогаш се проценувала на 7,9 милиони евра.

 

Обвинителите бараат исплата на 60 милиони евра отштета која одговара на порастот на вредноста на недвижностите. Во петокот на Воикулеску и на неговото семејство им се запленети сите сметки и имот, вклучително и телевизиската станица Антена 3.

 

Воикулеску тврди дека обвинителите го прогонуваат и дека целиот случај е исконструиран врз лажни обвиненија и без докази. За орекстирано судење го обвини претседателот на државата, Трајан Басеску, долгогодишен политички соперник.

 

Само Грција и Бугарија се полошо рангирани од Романија на скалата на корупција меѓу 28 држави членки на ЕУ, а Европската комисија спроведува специјален надзор над правосудството во државата. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Полицаец избоден во Сплит, приведен 18-годишник со психички проблеми

Објавено пред

Полицаец е тешко повреден синоќа во Сплит, во период во којшто не бил на должност. Како што соопшти полицијата во Хрватска, нападот се случил околу 22:45 часот, а полицаецот, кој бил во цивилна облека, бил повреден од остар предмет. Околу 23:15 часот, тој бил пренесен во КБЦ Сплит, каде што му била укажана лекарска помош, пренесе „Индекс“.

dobivaj vesti na viber

Имено, тој претрпел повеќекратни убодни рани и тешки повреди на неколку органски системи, а извршена е и обемна медицинска помош. Неговиот живот е во опасност.

Како што неофицијално дознава Индекс, 18-годишен млад човек со сериозни ментални проблеми моментално е под полициски надзор. Една од теориите што ги имаат истражителите е дека тој го избрал полицаецот како жртва сосема случајно.

Полицијата испрати порака за поддршка до повредениот колега и неговото семејство.

„Се надеваме дека нашиот колега, со помош на докторите, ќе се опорави, мислиме на него, стоиме покрај него и неговото семејство во овие тешки моменти“, рекоа тие.

На местото на нападот е спроведена истрага.

Прикажи повеќе...

Регион

Пленковиќ: По Хрватска, можеби е време некој друг да ѝ се приклучи на ЕУ

Објавено пред

За разлика на претходните европски комисии, сегашната има вистинска политичка волја за проширување на Европската Унија, изјави денес во Загреб хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ додавајќи дека е можна некаква одлука до 2030 година ако некои кандидати се технички подготвени.

dobivaj vesti na viber

„За разлика од Комисијата на (Жан-Клод) Јункер или првиот мандат на Урсула фон дер Лајен, кога не чувствував искрена политичка волја во центарот на политиката во Брисел за постигнување проширување за која било земја кандидат, овој пат морам да признам дека атмосферата е малку поинаква“, рече Пленковиќ на Вториот годишен самит на Хрватска.

„Можеби е време некој друг да ѝ
 се приклучи по Хрватска“
„Овој пат можеме да ја почувствуваме политичката волја во извршната власт на ЕУ, дури и кај повеќето земји членки, дури и кај големите, дека можеби е време некој друг да ѝ се приклучи по Хрватска, која се влезе на 1 јули 2013 година“, додаде Пленковиќ.

Комисијата би сакала да отвори преговарачки кластери со Украина и Молдавија до крајот на оваа година. Сепак, земјите членки одлучуваат за ова едногласно. Досега нема таква едногласност бидејќи Унгарија остро се спротивставува на членството на Украина во Унијата, анализираат медиумите.

Хрватскиот премиер потсети дека постојат две групи земји кандидатки: Украина и Молдавија во едната група, а земјите од Југоисточна Европа и Западен Балкан во другата група, и ја посочи Црна Гора како лидер. „Мислам дека би можеле, ако успеат да бидат технички подготвени, да имаме политичка одлука за некои пред 2030 година“, рече Пленковиќ.

Сепак, тој ги повтори своите тврдења дека апсорпцискиот капацитет на блокот ќе биде клучен за динамиката на проширувањето осврнувајќи се на четвртиот Копенхашки критериум од 1993 година, кој се однесува на буџетските трошоци за проширување и на влијанието на новите членки врз односите меѓу земјите што придонесуваат и оние што го користат.

„Речиси 80 проценти од европскиот буџет, всушност, го полнат 10-те најбогати земји на Унијата, а приближно 20 проценти одат за сите други односи. Побогатите земји, основачите, големите силни економии, не се нужно возбудени што помалите земји, кои многу малку придонесуваат, седнуваат на маса и во суштина одлучуваат за главните политики еднакво, особено кога станува збор за прашања каде што е потребна едногласност“, рече премиерот.

Тој потсети дека Германија, Франција и Италија еднаш се откажаа од двајца комесари во Комисијата во корист на проширувањето.

„А сега тие имаат ист број влијателни луѓе како и земјите што многу малку придонесуваат. Затоа процесот на донесување одлуки и буџетските импликации се во срцето на процесот на проширување“, објасни тој.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Лукас: Половина Србија се дружи со Ориќ, нема да остапам ни милиметар пред Додик

Објавено пред

Српскиот пејач, Аца Лукас изјави дека доживеал неравда по објавената фотографија со Насер Ориќ и дека „нема да отстапи ниту милиметар“ пред Милорад Додик, кој му го забранил концертот на Јахорина.

dobivaj vesti na viber

За „Аваз.тв“ кажа дека фотографијата погрешно се толкува и дека прв пат го видел Ориќ. Лукас истакна дека не знае дали концертот во Сараево му бил забранет поради неговата претходна поддршка на Додик, додавајќи дека „половина Србија и Република Српска се дружат со Ориќ“.

Откако Олимпискиот центар Јахорина официјално го откажа неговиот настап, Додик изјави дека Лукас „го изгубил кредибилитетот за секое идно гостување во РС“. Лукас му возврати дека тој не барал поддршка од Додик, туку обратно, и дека повторно ќе настапува на Јахорина.

Пејачот нагласи дека нема намера да се извинува за нешто што, според него, е преголема реакција и пример за двојни аршини.

Тој додаде дека не бил свесен кој седел до него кога е направена фотографијата и дека не сака да прави поделби по национална основа, туку „луѓето ги дели на добри и лоши“.

Лукас оцени дека целата ситуација е политички мотивирана, дека никого не навредил и најави правни чекори поради забраната за настапот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Јас единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник, Ратко Димитровски

Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во...

Македонија24 минути

„Името го сменивме двапати, Уставот седумпати“ – Николоски во Брисел побара чесен пристап и одговор дали со уставните измени завршуваат барањата

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се обрати на форумот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“,...

Македонија59 минути

Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена ешерихија коли во намаз

Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов” е казнета со 900 евра откако беа...

Македонија2 часа

Ресторан на нива, одморалиште издавано без согласност, градинка без деца оти нема пат – ревизијата утврди серија нерегуларности во Свети Николе

Државниот завод за ревизија утврди серија нерегуларности во работењето на Општина Свети Николе за 2024 година поради што изрази неповолно...

Македонија3 часа

Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати

Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите,...

Македонија4 часа

Затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптопот најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не...

Свет6 часа

Посетата на Путин на Индија: Нафта, оружје и геополитичка порака до светот

Рускиот претседател Владимир Путин оди во Индија во дводневна посета, каде што се очекува да се сретне со премиерот Нарендра...

Европа7 часа

(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“....

Свет7 часа

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за...

Свет8 часа

(Видео) Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет8 часа

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет8 часа

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...

Свет8 часа

ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца: Русија и 11 други земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање...

Македонија19 часа

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија1 ден

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија1 ден

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...

Македонија1 ден

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива...

Македонија1 ден

Засилени контроли на градилиштата во општина Аеродром: изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...