Регион
Борисов: Бугарија е подготвена да изгради центар за дистрибуција на гас
Бугарија е подготвена, наместо проектот „Јужен тек“, на својата територија да изгради центар за дистрибуција на гас на европско ниво, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува руската агенција Тас.
„Можеме да изградиме центар за складирање на гас во Варна, каде од Црното море требаше да излезат цевките планирани за изградбата на гасоводот „Јужен тек““, изјавил Борисов.
Тој додал дека Европската комисија, според планот на нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер, би можела да финансира изградба на постројки за складирање на течен гас, кои би биле пополнувани во Бугарија, а потоа гасот би бил испорачан до останатиот дел на Европа.
„Европската унија ќе донира средства за ова складиште. Правиме дистрибуциски центар на ЕУ во Варна, а ние сме број еден во однос на диверсификацијата“, рекол Борисов, додавајќи дека ваквиот центар е во интерес на Бугарија, но и на целата ЕУ, поради тоа што Бугарија на ЕУ и на цела Европа може да и понуди „совршена можност за позиционирање на гасно складиште во Бугарија, а не во Турција“.
Бугарскиот премиер им наложил на своите министри за оваа иницијатива да ги известат сите заинтересирани страни.
Рускиот претседател Владимир Путин на 1-ви декември, по разговорите со својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека Русија го прекинува проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“ и дека е подготвена да изгради гасен центар на турско-грчката граница за снабдување на југоисточна Европа со гас./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

