Регион
Борисов најави оставка доколку ГЕРБ загуби во првиот круг од претседателските избори

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави во понеделникот дека неговата влада ќе поднесе оставка доколку кандидатот на владејачката партија ГЕРБ Цецка Цачева не успее да победи во првиот круг на претседателските избори во земјата, кои ќе се одржат следниот месец, пренесува Reuters.
„Доколку ГЕРБ загуби во првиот круг од изборите, ќе поднесам оставка уште истата вечер”, рекол Борисов. Во неделата ГЕРБ го номинира претседателот на парламентот на земјата, Цецка Цачева за претседателски кандидат.
Доколку никој од кандидатите за претседател не успее да добие повеќе од половина гласови за време на првиот круг од изборите на 6-ти ноември, тогаш во земјата ќе следи и втор круг.
На претседателските избори во Бугарија има повеќе од десет кандидати, а Цачева веќе важи како јасен фаворит за должноста. Како најсериозни конкуренти на Цачева се споменуваат кандидатот на социјалистите, генералот Румен Радев, потоа поранешниот министер за надворешни работи Ивајло Калфин и политичкиот експерт Татјана Дончева./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.