Регион
Борисов: Од овој момент одговорноста е заедничка
Од овој момент за секое наше дејство одговараме заеднички, изјавил новоизбраниот бугарски премиер Бојко Борисов во петокот, на официјалната церемонија на преземањето на извршната власт, пренесува агенцијата „Фокус“.
„Ангажманот е наш, заеднички и треба колективно да го сопреме слободното паѓање на Бугарија“, истакнал Борисов, чија партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), која беше победник на предвремените парламентарни избори, формираше малцинска влада со коалициајта Патриотски фронт (ПФ) и партиите Реформаторски блок (РБ) и АБВ.
„Единственото нешто што може да ме поколеба е доколку настане проблем со етничката толеранција и оваа омраза доведе до етнички тензии. Во овој поглед сум апсолутен гарант. Движењето за правата и слободите (ДПС) се надвор од власта, со сите непринципиелни дејства кои тие ги направија, така што понатаму се занимаваме само со она што го имаме да го направиме како Влада“, додал Борисов, нагласувајќи дека претходната влада, предводена од поранешниот премиер Пламен Орешарски ја вратила земјата две години назад./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пензиите во Србија годинава ќе се зголемат за 10,9 отсто
Годинава пензионерите во Србија ќе добиваат пензии повисоки за 10,9 отсто, објавија српските медиуми.
Со одлука на Владата на Србија, просечната пензија ќе биде зголемена од 390 евра на 436 евра. Во локална валута, просечната пензија од 45.700 динари ќе порасне за околу 5.000 динари (2,628 денари).
Од денеска започнува исплатата на пензиите преку поштарите на домашна адреса, додека пензиите исплатени преку банките ќе пристигнат најдоцна до 6 јануари.
Регион
Над 21 милион туристи лани ја посетиле Хрватска
Хрватска минатата година ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на 2023 година, соопшти денеска Министерството за туризам и спорт.
Податоците на Хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра или 11,5 отсто повеќе од 2023 година се издадени во дејности поврзани со туризмот, објави „Јутарњи лист“.
Министерството забележува дека во 2024 година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, е остварен на Јадранот, што е исто така еден процент повеќе од 2023 година, додека континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е на плус пет отсто, а приближно исто толку ноќевања се бележат и во главниот град Загреб, што е за шест отсто повеќе од лани.
Регион
Уште еден земјотрес во Грција, тлото не се смирува
Вечерва, во 19:51 часот, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Крит, најголемиот остров во Грција.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот се наоѓал на 56 километри североисточно од градот Ираклион, додека хипоцентарот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 12.58 часот, во областа на Крит.