Регион
Брисел: Договорено зголемување на капацитетите за прифаќање на бегалците

Земјите кои се погодени од доаѓањето на големиот број на бегалци по западнобалканската рута се договорија да ги зголемат капацитетите за прифаќање, односно таа бројка ќе изнесува 50 илјади во Грција, а исто толку и во земјите од западен Балкан, објавил претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер по завршувањето на мини-Самитот во Брисел, посветен на западнобалканската бегалска рута.
Грција ветила дека до крајот на годината ќе создаде капацитети за прифаќање на 30 илјади луѓе, со помошта од ОН, а подоцна уште 20 илјади. Останатите 50 илјади места би требало да се обезбедат во земјите од западен Балкан, но без да биде прециизирано каде. Челниците на осум земји членки на ЕУ и трите земји кандидати (Македонија, Албанија и Србија), договориле дека ќе се спроведат 17 мерки за стабилизирање и успорување на протокот на бегалци.
Челниците ја прифатиле заедничката изјава од 17 точки, која беше доста ублажена во однос на нацртот кој беше подготвен од претседателот на Комисијата, Јункер, и кој имаше 16 точки. Во поголем број од точките исфрлени се зборовите дека „челниците се обврзуваат на нешто“.
Значително била ублажена и точката во која се вели дека насочувањето на бегалците не е прифатливо, а сега се вели дека „политиката на насочувањето на бегалците без известувањето на соседната земја, не е прифатливо“.
Челниците исто така најавиле дека во рок од 24 часа ќе именуваат лица за контакт во своите кабинети, како би се олеснила размената на информации и координациајта во управувањето со бегалскиот бран. Тие исто така се согласни дека ќе обезбедат капацитети за регистрацја на бегалците и внесување на биометриски податоци, и дека ќе разменуваат информации за поголем дел од бегалскиот бран кој минува низ нивните земји./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција доби брзи тестови кои се изведуваат преку примерок од плунка

Грција веќе нуди нова можност за дијагностицирање на Ковид-19 преку брз тест со примерок од плунка.
Покрај тоа што се брзи, овие тестови се поевтини и полесни за изведување, јавуваат медиумите во Грција.
Овие тестови даваат непосредни резултати и може да бидат решение за намалување на ширењето на Ковид-19, преку можноста за рано дијагностицирање.
Тестот за брзо откривање со плунка дава резултати во рок од 15 минути и е погоден за деца.
Регион
Србија досега вакцинираше 22.000 лица

Заклучно со вчерашниот ден, 22.000 лица биле вакцинирани против коронавирус во Србија, а имунизациите биле извршени во 10 градови, изјави државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек.
Тој посочи дека сè поминало без никакви проблеми, како и дека интересот за вакцинација е поголем од очекуваниот.
Како што соопшти, преку веб-страницата на е-влада досега се пријавиле околу 280.000 граѓани кои се заинтересирани да примат вакцина.
Гостувајќи во утринската програма на РТС, Џерлек рече дека целта е во наредните денови да се отворат повеќе од 300 пунктови за вакцинација низ цела Србија.
„На контролните пунктови ќе има три до 10 тимови за вакцинација, а идејата е да се вакцинираат од 50 до 100 лица за еден час, како и да се зголеми тој број од 22.000 за четири до пет пати во наредните денови“, рече Џерлек.
Регион
Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години.
По вакцинацијата на здравствените работници, програмата за вакцинација на коронавирус влегува во фаза на инјектирање на првата доза врз општата популација.
100-годишен старец вчера доцна попладне беше вакциниран на островот Крит.
Андроникос Панталос беше еден од првите што учествуваше во програмата за вакцинација. Постариот човек се појавил во болницата со својата ќерка и бил вакциниран, јавуваат грчките медиуми.
До денес, 75.276 лица се вакцинирани во Грција.
Во петокот попладнето, заменик министерот за здравство Василис Контосаманис ја коментираше веста дека ќе се одложи снабдувањето со вакцини на Фајзер во Грција, како и низ цела ЕУ. Тој увери дека Грција има количини за да им ја обезбеди втората доза на оние кои веќе биле вакцинирани.
Грција обезбеди 26.090.000 дози, што одговара на вакцинирање на 15.450.000 граѓани.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира