Регион
Бугарија ќе основа посебно тело за борба против корупцијата
Следејќи го примерот на Романија, и Бугарија ќе основа посебна единица за борба против корупцијата, во обид да се ослободи од негативниот углед како една од најкорумпираните европски држави.
Следејќи го примерот на Романија, и Бугарија ќе основа посебна единица за борба против корупцијата, во обид да се ослободи од негативниот углед како една од најкорумпираните европски држави.
Корупцијата ја уништи довербата на бугарскиот народ во јавните институции и веќе се години го отежнува нивното рабоење. Брисел повеќепати ги критикуваше бугарските власти поради тоа што не успејаа да ја запрат корупцијата што се случува на високо ниво, како и реформирањето на своето споро и неефикасно правосудство. Ова се главните причини поради кои Бугарија во моментов не може да стане дел од Шенген зоната.
Новата единица за борба против корупцијата ќе се состои од обвинители, истражувачи и инспектори и ќе биде оперативна најдоцна до почетокот на 2016 година. Владата проценува дека повеќе од 7 илјади државни службеници би можеле да завршат под истрага. Луѓето кои до властите ќе пријават корупција ќе бидат парично наградени доколку нивната пријава резултира со осуда за пријавениот, пишува Reuters.
„Бугарија има проблем со корупцијата. Мораме да напреднеме во борбата против корупцијата на високо ниво“, изјавила бугарската вицепремиерка Магдалена Кунева, додавајќи дека нејзината земја сака да го следи примерот на Романија, која за корупција истражи и осуди бројни угледни политичари и службеници.
Борбата против корупцијата и реформите во правосудството се најважните ветувата на премиерот Бојко Борисов, кој се врати на власт по победата на предвремените избори во октомври минатата година.
„Таа антикорупцика стратегија меѓутоа, треба да има широка политичка поддршка, како и поддршка од целиот правосуден состав. Инаку нема да има резултати“, изјавил бугарскиот политички аналитичар Даниел Смилов./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

