Регион
Бугарија сè уште без кандидат за еврокомесар
Бугарија останува без кандидат за еврокомесар, а по оставката на премиерот Пламен Орешарски, оваа задача ќе му припадне на привремениот кабинет, пренесуваат бугарските медиуми.
На последната седница на бугарската влада, Орешарски одбил да го номинира актуелниот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, и покрај инсистирањето на владејачката Бугарска социјалистичка партија (БСП) дека кандидатот за еврокомесар треба да дојде од редовите на социјалистите, пишува EurActiv.
Лидерот на БСП во заминување, Сергеј Станишев, кој исто така е претседател на Партијата на европските социјалисти, исто така се вбројуваше во имињата на евентуалните кандидати, но по катастрофалните европски избори тој поднесе оставка од партијата и во моментов е бугарски европратеник.
Опозициската партија „Граѓани за европски развој на Бугарија“, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов, силно ја поддржува Кристалина Георгиева, која е актуелен еврокомесар за вонредни состојби и хуманитарна помош, да стане дел од тимот на новиот претседател на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер.
Изборите во земјата ќе бидат одржани на 5-ти октомври, а во меѓувреме, привремениот владин кабинет кој ќе биде назначен од бугарскиот претседател Росен Плевнелиев ќе одлучи за кандидатот. Плевнелиев исто така ја подржува Георгиева, која во ЕК важи за една од најсериозните кандидати за функцијата висок претставник за надворешна политика и безбедност.
Сепак, на минатонеделниот самит на лидерите на државите на ЕУ, беше одлучено дека оваа функција треба да му биде доделена на некој од редовите на Социјалистите и Демократите (СД), а со ова не се намалуваат шансите на Георгиева повторно да биде еврокомесар, но за нејзиното портфолио ќе мора да биде постигнат договор пред следниот самит на европските лидери, закажан за 30-ти август./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

