Регион
Чепурин: Балканот треба да размисли како ќе се снабдува со гас
Балканските држави следните месеци би требало да се одлучат како ќе се снабдуваат со гас, кога за четири години ќе истече договорот за испораките на гасот преку гасоводот од Русија преку Украина, порача во понеделникот рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин.
Амбасадорот изјави дека рускиот енергетски гигант „Газпром“ е цврсто решено дека гасот за околу четири години, кога ќе истекне договорот со Украина, повеќе нема да се испорачува преку оваа земја, туку ќе се транспортира преку Турција и преку гасоводот Северен тек.
„Сега кога е цврст ставот на ‘Газпром’ дека по истекот на договорот од четири години, гасот повеќе нема да оди во Европа по старата рута, туку преку Турција до крајната дестинација на турско-грчката граница, Србија треба да ги согледа и дефинира своите интереси. Се’ е важно, од цените, количествата и веродостојноста на испорачателот“, изјави амбасадорот Чепурин пред учесниците на трибината „Рускиот енергетски проект на Балканот по Јужен тек“, која се одржа во српската престолнина Белград.
Според него, прелиминарниот договор е да се изградат четири цевководи, од кои првиот би требало да биде завршен во 2016 година.
„Сите заинтересирани држави, вклучително и земјите од балканскиот регион, треба да се определат како ќе ја реализираат својата енергетската сигурност и како гасот од јазолот на турско-грчката граница ќе доаѓа до крајните потрошувачи“, рече Чепурин
Рускиот амбасадор истакна и дека сегашната геополитичка ситуација во Европа „не е воопшто лесно“, но дека секоја земја треба да ги брани своите национални интереси, а така и интересите на „големиот европски континент“.
Заменикот директор на Рускиот центар за стратешки истражувања, Игор Прокофјев, на истата трибина нагласи дека Русија никогаш не сакала да ја има улогата на енергетска суперсила, ниту која и да е земја во Европа да ја уценува како што сега се води кампања против Москва.
Според него, голем проблем претставува тоа што Европската унија на Русија гледа само како на снабдувач со гас, но не и како рамноправен партнер. „Неопходно е европските политичари објективно да ја согледаат ситуацијата. Ние имаме голем потенцијал, но од политиките зависат идните односи“, смета Прокофјев.
Главниот уредник на списанието Нова српска политичка мисао, и политички аналитичар Ѓорѓе Вукадиновиќ смета дека проектот Јужен тек пропадна од геополитички причини, но дека фијаското на Јужен тек не влијаело врз расположението на граѓаните на Србија кон Русија, иако од споменатиот проект „имаа големи очекувања“.
Според податоците соопштени на дебатата, Србија околу 95, отсто од гасот го добива токму преку гасоводот од Русија, преку Украина, додека, пак, Европа најмалку 30 отсто од своите потреби од гас ги задоволува со увоз од Русија, а половината од тоа оди преку украинскиот гасовод./крај/мф/сн
Извор: Танјуг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

