Регион
Ципрас: Грција ќе стори сѐ што е можно од Германија да наплати воена отштета
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторник на комеморација на жртвите од масакрот што во 1943 година го направиле германските војници, рече дека ќе стори сѐ што е потребно за да ја принуди Германија да исплати отштета за нацистичката окупација.
„Првпат имаме национална стратегија за тоа барање што постои со години, иако Берлин категорично го одбива“, рече Ципрас во селото Комено, каде што германските војници во 1943 година убиле 317 цивили, по што следеле масакри во декември 1943 година и во јуни 1944 година во селата Калаврита, односно Дистомо.Ципрас рече дека Грција ќе стори сѐ што е потребно на дипломатско ниво, а ако биде потребно, и на правна основа.Парламентарната комисија основана во 2015 година задолжена да изработи такво барање, својот прв извештај го поднесе во јули, а пратениците по него ќе расправаат во септември.Во извештајот воената отштета се проценува на 269,5 милијарди евра што Берлин и ги должи на Грција за нацистичката окупација. Оваа сума, со која Грција би отплатила добар дел од својот долг од 320 милијарди евра, вклучува и поврат на 10 милијарди евра заем што на Грција и ги наметна нацистичкиот окупатор.Прашањето за воена репарација силно се наметна во 2010 година, кога Грција потона во должничка криза и беше принудена да побара спасоносни пакети од Европската унија(ЕУ) во која Германија ја игра улогата на строг жирант.Германската влада одбива да го отвори тоа прашање и тврди дека тоа политички и правно решено во процесот на повторното обединување на Германија. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

