Регион
Ципрас ветува дека ќе ја извлече Грција од кризата
Коалицијата на грчката радикална левица Сириза, најголемата опозициска партија и во моментов водечка во анкетите, ќе го прекине строгото штедење и ќе побара од Европската унија да отпише голем дел од грчкиот јавен долг за да ја извлече земјата од кризата, порача нејзиниот челник Алескис Цирпас во интервјуто за агенцијата Reuters.
Коалицијата на грчката радикална левица Сириза, најголемата опозициска партија и во моментов водечка во анкетите, ќе го прекине строгото штедење и ќе побара од Европската унија да отпише голем дел од грчкиот јавен долг за да ја извлече земјата од кризата, порача нејзиниот челник Алескис Цирпас во интервјуто за агенцијата Reuters.
Во разговорот Алексис Ципрас се обидува да ги смири пазарите кои стравуваат од доаѓањето на Сириза на власт, истакнувајќи дека Грција сака да остане во еврозоната и да има урамнотежен национален буџет пред сервисирањето на своите долгови.
„Разгорувањето на стравовите во 2012 година и стравувањата денес дека Европа ќе биде уништена доколку Сириза дојде на власт во Грција, всушност делуваат како самоисполнувачко пророштво. Победата на Сириза ќе ги прекине сите неволји и ќе ги смири пазарите. Ќе го донесе чувството на сигурност“, вели Ципрас.
Загриженоста на инвеститорите и меѓународните доверители дека на Грција и’ претстојат предвремени парламентарни избори коишто ќе ја доведат на власт Сириза последните денови ја урнаа вредноста на грчките акции и државни обврзници. Пазарите се преплашени од решителните барања на Сириза на Грција да и’ се отпишат дел од долговите и плановите да ги раскине и да ја раскине програмата за помош којашто досега изнесуваше вкупно 240 милијарди евра од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд условена со жестоките мерки за штедење, но со чија помош земјата успеа да го избегне банкротот и да биде исклучена од еврозоната.
Меѓутоа, според интервјуто, Ципрас не звучи во овој момент толку решителен. „Преговорите значат дека сакаме договорно решени. Подготвени сме за суштински и тешки преговори. И свесни сме дека европските партнери во почетокот најверојатно ќе заземат строг став, иако нема да бараме нешто нереално“, вели опозицискиот челник истакнувајќи дека нема ништо да биде направено „еднострани“, освен доколку „не биде присилен на тоа, што не е веројатно“.
Цирпас во интервјуто од четвртокот вели дека Европа би требало „да отпише или да избрише“ голем дел од грчкиот долг како знак на солидарност со Грција, како што се меѓународните доверители сториле со германскиот воен долг во 1953 година. Додава, сепак, дека кредитите од ММФ мора да бидат вратени, како и дека ќе побара продолжување на рокот за доспевање на грчките државни обврзници коишто ги држи Европската централна банка (ЕСВ). Го исклучува, исто така, отписот на вредноста на обврзниците во сопственост на приватниот сектор.
Ова е првпат Ципрас многу јасно да ги изнесе своите планови за преговори за враќањето на грчките долгови, на што веднаш реагираше берзата во Атина со раст од 1,5 отсто.
Предењето ќе биде прекинато независно од тоа како ќе се одвиваат преговорите за долгот со доверителите, вели челникот на грчката радикална левица во продолжение на интервјуто. „Ќе го укинеме штедењето преку грчкиот парламент, ќе го раскинеме договорот за програмата за помош. Грција со владата со Сириза ќе излезе од програмата за помош, без нови мерки за штедење. Тоа за нас претставува нешто за што не може да се преговара“, порачува Ципрас.
Откако во германските медиуми пред две години, по тогашните вонредни парламентарни избори во Грција, беше прогласен за една од најопасните личности во Европа, во моментов Алексис Ципрас е поблиску од кога и да е до денес до преземањето на власа. Имено, Грците можеби ќе мора многу наскоро да излезат на предвремени парламентарни избори, доколку во парламентот владата на премиерот Антонис Самарс до крајот на декември не успее да издејствува поддршка за својот претседателски кандидат, поранешниот грчки министер во повеќе ресори и еврокомесар Ставрос Димас.
Ципрас во интервјуто ја исклучува можноста за евентуална соработка со конзервативците од Неа демократија и со социјалистите од Пасок, кои ја сочинуваат владата на Самарас, за да бидат избегнати предвремени избори, велејќи дека широк политички консензус ќе биде постигнат по националните избори.
Шпекулациите дека грчката влада би можела да се обиде да направи широка национална коалиција за да се избегнат предвремените парламентарни избор, се појавија откако владејачките партии во средата го загубија првиот круг од гласањето за претседателот во парламентот.
Парламентот на Грција не успеа во првиот од трите предвидени кругови да го избере претседателот на државата, откако кандидатурата на Ставрос Димас ја поддржаа 160 пратеници, од неопходните 200 гласа од 300-те мандати. Воздржани беа 135 пратеници, а владејачката коалиција се надева дека за кандидатот Ставрос Димас ќе добие поддршка од најмалку 161 пратеник.
Вториот круг од гласањето ќе се одржи на 23-ти декември и доколку и тогаш кандидатот на владејачката коалиција на конзервативците од Нова демократија и социјалистите од Пасок не успеат да обезбедат ќе се оди на трето гласање во парламентот. Тоа евентуално би се одржало на 29-ти декември, и доколку Димас тогаш не ја добие поддршката од 180 пратеници, според законот парламентот мора да се распушти и да се распишат предвремени парламентарни избори.
Владата во моментов ја има поддршката од 155 пратеници, а шест независни парламентарци пред гласањето во средата навечер се изјаснија дека ќе гласаат за Димас. Коалицијата се надеваше дека ќе привлече уште неколку од 24-цата независни пратеници, а сметаше и на поддршката од пратеници на Демократската левица и Независни Грци, кои веќе на разни начини наводно сигнализирале дека се подготвени да ги пробијат партиските редови и да гласаат за претседател.
Најголемата опозициска партија во земјата, Сириза е убедена дека владата нема да добие 180 гласови од 350-те мандати кои се неопходни во третиот и последен круг од гласањето, тврдејќи дека има околу 126 или 127 пратеници кои ќе гласаат против претседателскиот кандидат Ставрос Димас.
Инаку, претседателските избори требаше да се одржат во февруари, бидејќи на актуелниот шеф на државата Каролос Папуљас мандатот му завршува во март, но Самарс се реши да ги одржи порано за да ја отстрани политичката неизвесност, што веднаш предизвика уривање на Атинската берза.
„Нашиот став е дека нема простор, дека не можеме да чекаме, не затоа што ни’ се брза, туку затоа што со секој ден раните предизвикани од програмата за помош стануваат сé подлабоки.“, вели Цирпас.
Почитувач на левичарскиот револуционер Ернесто Че Гевара, чиј портрет зазема челно место во седиштето на неговата партија, Ципрас изразува увереност дека Грција ќе ја има клучната улога во пружањето на отпорот при обидот, како што вели, за одземањето на демократските права во Европа. „Верувам во силата и моќта на народот., Асето она што се случи во Грција минатата година имаше цел на народот да му се одземе моќта“, заклучува Алексис Цирпас./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш
„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос.
Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори до крајот на годината, објави европската комесарка за проширување Марта Кос.
Таа го кажа ова во интервју за телевизијата Н1.
На прашањето што конкретно може да направи Европската Унија (ЕУ) за да му помогне на регионот, како и на изјавата на новинарката на Н1 дека парите и предупредувањата не се доволни, дека може да се види дека ЕУ ја губи информациската војна во регионот, особено во Србија, а делумно и во Босна, и дека дипломатскиот јазик не помага, Кос рече дека не прифаќа „критики дека не сме успешни во проширувањето“.
„Две од четирите водечки земји се од Западен Балкан. Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори до крајот на годината, а Албанија е следна. Ова е успех. Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина, а тоа ќе донесе нова реалност во Европа. Ако го забрзаме процесот, ќе ги разгледаме сите кандидати, но мора да има јасна посветеност. Не е доволно само да се хармонизира законодавството, треба да ја почувствувам и видам политичката волја. Процесот на пристапување не е само технички, туку зависи и од земјите-членки“, рече Кос.
На прашањето што мисли за идејата сите земји-кандидатки да влезат во ЕУ одеднаш, Кос рече: „Да можев, би сакала сите земји, особено од Западен Балкан, да влезат заедно“.
„Но, јас не сум магионичар. Ако има промени, внимателно ќе ја разгледаме секоја земја. Проширувањето мора да ја направи ЕУ посилна, а не послаба. Ова е цел што мора да ја постигнеме заедно“, рече Кос.
Регион
Албанија на суд поради ВИ министерката: Актерка ја тужи владата за злоупотреба на нејзиниот лик
Албанската министерка – првиот виртуелен државен функционер во светот, би можела да остане без својот препознатлив лик, откако актерката врз чии карактеристики е создаден дигиталниот аватар поднесе тужба против Владата на Албанија.
Премиерот Еди Рама во август 2025 година најави можност за именување министер или премиер заснован на вештачка интелигенција, а веќе во септември беше претставена Диела – вештачка функционерка задолжена за борба против корупцијата во јавните набавки.
Диела претходно беше позната како чат-бот на државниот портал e-Albania, а нејзиниот дигитален лик и глас биле креирани според актерката Анила Биша, врз основа на договор кој истекол на 31 декември 2025 година. Откако Диела добила министерска функција, нејзиниот лик бил прикажан и во обраќање до парламентот што се пренесувало низ целиот свет.
Според локалните медиуми, Биша поднела тужба против Владата, премиерот, приватната компанија која учествувала во проектот и Националната агенција за информациско општество (AKSHI). Таа тврди дека владата продолжила да го користи нејзиниот лик и по истекот на договорот, и надвор од дозволената намена, која била ограничена само на платформата e-Albania.
Во судските документи, Биша бара итна забрана за натамошна употреба на нејзиниот лик додека трае судскиот процес, наведувајќи дека неовластеното користење ѝ нанело значителна и непоправлива штета.
Во претходен телевизиски настап, Биша изјавила дека за потребите на системот снимала обемни аудио и видео материјали за ограничен временски период и за симболичен надомест, но никогаш не дала согласност за други форми на користење.
Портпаролката на албанската влада, Мањола Хаса, изјави дека Албанија е демократска држава во која граѓаните имаат право да покренат судски постапки против институциите. Таа додаде дека владата смета дека тужбата е неоснована, но е подготвена спорот да се реши пред суд, пренесе „Политико“.
Регион
Јотова го назначи Ѓуров за технички премиер: Бугарија влегува во процес на формирање привремена влада
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе го задолжи кандидатот за вршител на должноста премиер Андреј Ѓуров да формира влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Шефицата на државата го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров за вршител на должноста премиер. Денес во 10:00 часот, претседателката Јотова ќе го прими Ѓуров во Дондуков 2.
Според Законот на БНБ, доколку гувернерот или заменик-гувернерот изразиле експлицитна согласност да бидат назначени за вршител на должноста премиер, тој или таа треба да поднесе оставка.
„Фер избори може да се одржат кога привремената влада не се меша во политичката сцена, е доволно неутрална и работи само во рамките на овластувањата што ѝ се доделени со Уставот“, рече Андреј Ѓуров по разговорот со Илијана Јотова во јануари, пренесува „Офњуз.бг“.
Според Уставот на Бугарија, по консултации со пратеничките групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, претседателот назначува привремена влада и закажува избори во рок од два месеци.
Минатата недела, претседателката изјави дека таа и нејзиниот тим ќе сторат сè што е можно за да се одржат изборите на првиот датум по велигденските празници. Првата недела по Велигден е 19 април.

