Регион
Ципрас за затворањето на банките ги обвини ЕУ и ЕЦБ
Откако Грците во саботата на неговото ненадејно распишување на референдумот за прифаќање или одбивање на предлозите на грчките доверители реагираа со повлекување на готовината од банките, грчкиот премиер Алексис Ципрас во неделата навечер објави дека банките и берзата во понеделник нема да бидат отворени и за тоа ги обвини партнерите во Европската унија и Европската централна банка.
Грчките банки во понеделник ќе останат затворени, и тоа најверојатно ќе трае до крајот на следната седмица, изјави челникот на банката „Piraeus“, Антимос Томопулос во неделата по кризниот состанок на високите грчки владини и финансиски функционери кој беше свикан за да се договорат новите мерки во атмосферата на сé подлабоката финансиска, но и политичка криза во земјата. Одговарајќи на новинарски прашања по состанокот на Советот за финансиска стабилност дали банките ќе отворат во понеделник, Томопулос кус одговори „Не“.
Грчки финансиски извор за Reuters рекол дека во понеделник затворена ќе остане и Атинската берза. Гувернерот на грчката централна банка посочи дека новото соопштение за одлуката ќе биде објавено по состанокот на владата кој се одржа во неделата навечер. Членовите на грчкиот Совет за финансиска стабилност по состанокот не сакаа да кажат никакви поединости за разговорите или евентуално донесените мерки.
Европската унија и Европската централна банка го предизвикаа овој потег, изјави подоцна премиерот Алексис Ципрас и додаде дека не се откажува до референдумот кој е закажан за 5-и јули, следната недела.
„Одбивањето на барањето на грчката влада накусо да ѝ се продолжи траењето на програмата (за надворешна финансиска помош –з.м.), е чин без преседан според европските стандарди и го доведува во прашање правото на суверен народ на одлучување“, рече Ципрас во телевизиското обраќање до нацијата во неделата навечер.
„Поради таа одлука на ЕЦБ, денеска морав да ги ограничам средствата достапни за грчките банки и ја принудив грчката централна банка да предложи затворање на банките и ограничување на износите кои може да се подигнат“, одаде премиерот.
Не кажа колкав период банките ќе бидат затворени, ниту колку ќе трае ограничувањето за движењето на капиталот, но медиумите повикувајќи се на упатени извори велат дека „препораката е тоа да биде шест дена“, односно до референдумот.
Ципрас рече дека новото барање за продолжување на сегашната програма за надворешна финансиска помош која истекува на 30-ти јуни, им го испратил на челниците на еврозоната, на Европската централна банка, на Европската комисија, Европскиот парламент и на Советот на Европската унија.
„Го чекам нивниот итен одговор на основното демократско барање…. Едно е сигурно:одбивањето на кусото продолжување и обидите да се поништи демократската процедура се длабоко навредливи и срамотни за европската демократска традиција“, реле Ципрас и додаде дека задоволувањето на тоа барање бои можело ЕЦБ да ја поттикне повторно да ја осигури ликвидноста на грчките банки.
Од ЕЦБ претходно во неделата, поради остриот скок во подигнувањето на готовината од грчките банки, го замрзна нивното на итната помош за ликвидност достапна за грчките банки. Ципрас рече дека банкарските влогови, платите и пензиите во Грција и натаму се сигурни и ги повика Грците да останат смирени.
Неговиот претходник на премиерската должност сага лидер на опозицијата Антонис Самарас, изјави во неделата дека Ципрас би требало да се откаже од референдумот и да состави влада на националното единство. „Нашата земја треба да остане во срцето на Европа и на еврозоната. Ципрас мора да и продолжи преговорите, Доколку тоа не може да го стори сам, тогаш нека се обиде да добие сенационален консензус“, рече водачот на конзервативците.
Неколку стотици противници на мерките за штедење се собраа во неделата пред зградата на парламентот во Атина и извикуваа пароли против Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Протестот започна пред на канцеларијата на Европската комисија во грчката престолнина. Центарот на Атина е прекриен со летоци на коишто пишува „Подобро драхмата отколку понижување“ и „Не сме должни, нема да продаваме, нема да платиме“.
Истовремено грчкото министерство за надворешни работи соопшти дека во понеделник од рано утрото министерот Никос Коѕиас ќе има состаноци со амбасадорите на земјите членки на Европската унија, на САД, Русија, Кина и Израел и притоа ја објави сатницата на преговорите.
Шефот на грчката дипломатија има редовни средби со амбасадорите на споменатите земји, но медиумите истакнуваат дека вакви интензивни дипломатски консултации одамна немало. Дипломатски извори додале дека средбите се во врска со најавениот резултати, но оти други детали грчката страна не најавила./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.

