Регион
Црна Гора не очекува сериозни инциденти на границата со Косово

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ изјави во неделата во Колашин дека Црна Гора не сака ниту еден сантиметар нечија територија, но дека ќе ја чува својата, како и оти не очекува сериозни инциденти на границата со Косово пред планираното ратификување на договорот за разграничувањето меѓу двете земји во Приштина на 1-ви септември, а на црногорските граѓани им ја гарантираше безбедноста.
Договорот за државната граница меѓу Црна Гора и Косово е потпишан на 26-ти август минатата 2015 година во австриската престолнина Виена по тригодишните преговори меѓу Подгорица и Приштина. Црногорскиот парламент кон крајот на минатата година го ратификуваше овој договор, додека косовското собрание сé уште не го стори тоа.
Пратениците од опозициските партии во Приштина тврдат дека Црна Гора го оштетила Косово за 8.000 квадратни метри негова територија. Меѓутоа, независната меѓународна експертска комисија не открила неправилности во процесот на разграничувањето.
На новинарско прашање дали црногорските безбедносни сили се во состојба на приправност, како што пренесуваат во неделата црногорските медиуми, поради можните инциденти на границата, претседателот Филип Вујановиќ одговори дека Црна Гора покажала во сите ситуации дека има држава којашто на својата безбедност ѝ придава голема важност.
„Нема ниедна причина и во оваа ситуација да немаме целосно јасна претстава дека Црна Гора ги преземала сите мерки за да ја гарантира безбедноста“, рече Вујановиќ, истакнувајќи дека граѓаните на ниеден начин нема да бидат загрозени.
Прашан, пак, за прогласот на ткн Албанска народна армија (АНА), којашто често дава „коминикеа“ изминатите години и во врска со Македонија и со јужна Србија, која се закани дека ќе избувне војна меѓу Албанците и Црногорците доколку биде ратификуван договорот за меѓудржавната граница, Вујановиќ рече дека за тоа дознал од медиумите, како и дека верува оти граѓаните на Косово разбираат дека Црна Гора е добар сосед и дека никогаш не искажала никакви претензии.
„Ова што се случува на Косово го доживувам како прашање на нивните внатрешни односи и разбирам дека на тој начин се реагира и внимателно се подготвува седницата на којашто ќе се изврши ратификувањето“, заклучи Вујановиќ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж почина штом слета од Тунис

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н. Л. (64) му се слошило штом неговиот авион слетал од Тунис.
Според информациите објавени од „Блиц“, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му укажале помош, но човекот не можел да се спаси.
Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.
Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и на Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен говор до нацијата пред Европскиот парламент таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува „Танјуг“.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во Атина, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на 5,2 степени.
Земјотресот се случил околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето 45 километри североисточно од грчката престолнина и 4 километри од брегот на Неа Стира на југозапад од Евија, вториот по големина остров во Грција.
2/#Greece #σεισμός #sismo #deprem https://t.co/UkYhUkNJG3
— GeoTechWar (@geotechwar) September 9, 2025
Според грчките медиуми, засега нема вести за евентуални жртви или штети. Градоначалникот на Маратон, Стергиос Циркас, изјави за телевизијата ЕРТ дека земјотресот бил многу силен и додаде дека засега нема вести за штети.
Грција се наоѓа на неколку геолошки раседи и често е погодена од земјотреси. Во мај, земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди островот Крит и беше почувствуван дури до Египет и грчкиот главен град, додека во јануари и февруари беше регистрирана силна сеизмичка активност во областа на островот Санторини во Егејското Море.