Регион
Црногорската опозиција не ги признава резултатите од изборите
Претставниците на четирите црногорски опозициски партии Демократски фронт, Големата коалиција „Клуч“, Демократската партија и Социјалдемократската партија, одржаа во понеделникот вечерта состанок на своите раководства на кој е одлучено дека нема да ги признаат резултатите од неделните парламентарни избори, пренесе информативниот портал ИН4С.
Претставниците на споменатите четири изборни листи, кои освоиле 39 од 81 пратенички мандати во парламентот на Црна Гора, констатирале дека не можат да ги признаат резултатите на изборите кои се одржуваа на денот кога наводно е подготвува државен удар во Подгорица,Во заклучокот со кој е дефинирана заедничката одлука на целокупната парламентарна опозиција за непризнавање на изборните резултати, се наведува дека во прв ред не можат да се прифатат изборните резултати бидејќи „државниот удар бил изведуван ден пред гласањето, како и на самиот ден на изборите, што не во согласност со слободното и демократско изјаснување на граѓаните.“Претходно во понеделникот опозициските челници предупредија дека лицата кои се прогласен за „терористи“ кои го подготвувале наводниот преврат и киднапирање на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ чија Демократска партија на социјалистите со партиите на етничките малцинства има тесно мнозинство во парламентот, биел апсени без „лисици“ на рацете, оценувајќи дека станува збор за сценарио.Според нив станува збор за договор меѓу Белград и Подгорица, наводното апсење на дваесет државјани на Србија кои наводно планирале атентати, државен преврат и апсење на Ѓукановиќ да имплицира дека потекнува од опозицијата којашто западот ја квалификува како „просрпска“ или дури „проруска“.Опозицијата во заклучоците предупредува дека доколку актуелната власт сепак се обиде со обично просто мнозинство во парламентот да се обиде да осигури влегување на Црна Гора во НАТО, наместо преку референдум, како што бара опозицијата, „се ризикува граѓанска нестабилност и неминовност некое следно парламентарно мнозинство без Ѓукановиќ да донесе одлука за истапување на земјата од Алијансата според истиот принцип“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

