Регион
Давутоглу: Турција и Грција ги делат ставовите за мигрантската криза

Турција и Грција го споделуваат ставот дека товарот од мигрантската криза треба да се подели и договорија правна рамка за борба против илегалната миграција, изјави во вторникот вечерта турскиот премиер Ахмет Давутоглу по средбата со грчкиот колега Алексис Ципрас.
„Турција и Грција заеднички им одговараат на оние во Европа кои сметаат дека Грција и Турција треба самите да се борат со таа криза“, истакна турскиот премиер Ахмет Давутоглу на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас во турскиот град Измир.
Со нацрт договорот меѓу Турција и ЕУ треба да се обесхрабри илегалната миграција, но нема да се запре сириските бегалци кои легитимно бараат засолниште во Европа, додаде Давутоглу.
Грчкиот премиер Цирпас изјави дека договорот со Турција да ги прими назад мигрантите кои нема да ги прими Европската унија ќе помогне да се намали „неиздржливиот прилив“ на луѓето кои доаѓаа во Европа. Договорот за реадмисија со Турција „испраќа јасна порака за мигрантите кои доаѓаат од трети земји, а не од оние погодените со војни…, дека нема ниту политичка волја, ниту можноста да дојдат во Европа“, смета Ципрас.
„Тоа е стварноста којашто мораме искрено да им ја кажеме за да го запреме, за да го намалиме неиздржливиот прилив за нашите земји“, појасни грчкиот премиер.
„Целта тука е да се обесхрабри нерегуларната миграција и … да се препознаат оние Сиријци во нашите кампови коишто ЕУ ќе ги прифати, иако ние нема никого да присилуваме да оди против својата волја“, рече Давутоглу.
Најави дека Турција ќе усвои закон кој го бара ЕУ за да може следните месеци да се спроведе либерализацијата на визниот режим за турските државјани и го нарече тој дел од нацрт договорот „важна победа за нашите граѓани“.
Двајцата премиери најавија дека нивните земји ќе ги зајакнат напорите во борбата против криумчарите на луѓе во Егејското Море./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување

Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.
Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.
Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.
Регион
Волк нападнал 5-годишно дете од Србија на плажа во Грција: „Не’ бркаше на плажата и во дворот“, сведочи мајката

Неверојатно звучеше веста дека волк нападнал девојче од Србија на плажа кај Неос Мармарас, на Ситонија во Грција. Во првите извештаи медиумите беа резервирани, со сомнеж дека можеби не станува збор за волк, туку за некоја слична ѕверка. Детето заврши во болница со гребаница по грбот, пишува српски “Телеграф“.
Трагедијата била избегната благодарение на присебната реакција на мајката и на еден човек кој почнал да го гаѓа животното со камења.
„Во секунда волкот беше покрај мојата ќерка, ја отвори вилицата и тргна да ја зграпчи во пределот на половината! Веднаш ја зграбив и почнав да бегам!“, се присетува на ужасната сцена која можела да заврши трагично, Ирена Пеиќ – мајка на петгодишното девојче од Србија, кое во петокот на плажа во близина на градот Неос Мармарас беше нападнато од волк.
Сцената се одиграла за само неколку секунди, во раните утрински часови.
„Тоа е плажа пред делот кон Парадисос плажата, нешто пред осум часот наутро. Беше свежо, а среќна околност е што ќерка ми носеше дуксер. Таа си играше со едно бебе на плажата, кога еден човек викна: ‘Што е ова?’ Во истиот момент додека станувавме, волкот беше веќе до нас. Буквално ни го блокираше преминот и се позиционираше така што не можевме да поминеме“, опишува Ирена.
Во следната секунда, вели, волкот бил веднаш до девојчето.
„Ја отвори муцката за да ја зграпчи, но во тој момент ја зграбив и тргнав да бегам. Нас нè спаси човекот што почна да фрла камења. Волкот падна во вода, ние добивме неколку секунди да побегнеме по скалите за да влетаме во апартманот. Но, волкот излезе од водата и скокна во дворот на апартманот, па таму почнаа да го бркаат со мотки и камења, и така заеднички го истераа“, вели таа.
Среќа во несреќа, девојчето поминало само со гребаница по грбот. Во болница добила неколку вакцини и терапија со антибиотици.
„Сите бевме многу вознемирени. Да не беше човекот кој фрлаше камења, не знам како ќе завршеше. Тој ни даде шанса да се спасиме“, вели благодарната мајка.
Таа додава дека детето било во голем страв и два часа не дозволувало да се отворат вратите од апартманот.
Ирена го пријавила случајот во општината и полицијата, со надеж дека некој ќе реагира.
„Пред неколку дена имаше пожар, па веројатно волкот се одвоил од чопорот. Чувме дека ова не е прв напад – велат дека е веќе петти во регионот. Еден напад на жена бил пред три дена, а на куче пред два. Некои велат дека имало напади и во мај. Се надеваме дека надлежните ќе преземат мерки. Никој од нас не очекуваше такво нешто, но најмалку 20 луѓе го видоа волкот, имам сведоци“, објаснува Ирена.
Регион
Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и извлечат телото на девојка од Србија, пренесоа српските медиуми.
Девојка од Врњачка Бања се удави денес околу 15 часот, во близина на ’ртот Весло кај Луштица, додека се фотографирала со пријателка на една од карпите и паднала во водата, објавија црногорски „Вијести“.
Додека се фотографирала, се верува дека морето се разбранувало, а брановите ја повлекле девојката.
Полицијата и нуркачките екипи го забележале безживотното тело на девојката како плови во еден момент, но лошото време и брановите ги спречиле да се приближат.
Затоа, операцијата за извлекување ќе продолжи наутро.
фото: принтскрин