Регион
Демонстрантите во Атина го запалија американското знаме
Неколку илјади демонстранти во грчката престолнина Атина во понеделникот го одржаа традиционалниот марш до амбасадата на САД на годишнината од бунтот на студентите на Политехничкиот универзитет, а на крајот го запалија американското знаме наспроти дипломатската мисија.
Според организаторите на маршот, поворката била долга повеќе од два километра и во неа учествувале 30 илјади луѓе, додека според полицијата бројот на учесниците на маршот биле неколкупати помал, околу 8.500 луѓе, според неименуван висок полициски офицер кој командувал со полициски кордон спроти амбасадата на САД. Според него, по целата маршрута на поворката и центарот на Атина биле распоредени седум илјади полицајци. Сите приоди кон американската амбасада биле блокирани со полициски автобуси, пренесуваат грчките медиуми.Освен палењето на знамето, манифестацијата минала без поголеми инциденти, и имало само два помали судира со групи анархисти. Анархистите фрлале камења, додека полицијата одговорила со неколку шок гранати и солзавец „во ограничени количества“, а според репортерите неговиот мирис се чувствувал на неколку стотици метри во близина на американската амбасада. Во близина на централната атинска метро станица „Амбелокипи“ анархистите запалиле два контејнера за отпадоци. Сепак, според атинската полиција немало повредени.Денот на сеќавањето на бунтот на Политехничкиот факултет во Грција се одбележува секој 17-ти ноември. На тој датум 1973 година студентите ја заземаа зградата на универзитетот како протест против мешањето на власта во дејноста на студентските сојузи. Ноќта од 16-ти кон 17-ти ноември тенковите ги разбија капиите на универзитетот а во нападот беа убиени 23 луѓе и повеќе од илјада беа ранети, иако според официјалната грчка историографија воопшто немало жртви. Стотици студенти следните денови биле уапсени. Иако студентскиот бунт беше задушен, тоа доведе до масовни граѓански протести, што на крајот резултираше со пад на диктатурата на воената хунта.Манифестацијата по повод 41-годишнината од бунтот се одржуваше три дена, во кои Политехничкиот универзитет беше отворен за сите кои сакаа да им одадат почит на загинатите студенти. Притоа медиумите одбележуваат дека грчките антифашистички организации во кампусот ја поставија изложбата посветена на актуелната трагедија во источна Украина.Традиционално на демонстрациите присуствуваа претставници на левичарските партии и движења, на студентските организации и анти-глобалистите, а заедничкото мото е како и пред четири децении – „Леб – Образование – Слобода – Национална Независност“.Поворката, исто така, според традицијата тргнува од Политехничкиот универзитет до амбасадата на САД, како протест на тоа што Вашингтон ја поддржуваше хунтата во периодот од 1967 до 1974 година. Поради тоа, амбасадата и конзуларните претставништва на САД во Грција вообичаено на 17-ти не работат./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Регион
Трамп ги спомена Србија и Косово: Ако не се согласувате, јавете ми се
Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од своето место кога Трамп ја повика.
„Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете на секунда. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Одлично, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ќе го решиме тоа, нели? Ќе го решиме“, рече Трамп на првиот состанок на Мировниот комитет, јавија српскките медиуми.
Вчера, во Вашингтон се одржа првата седница на Одборот за мир, основан на иницијатива на Трамп, а тоа е тело кое треба да работи на решавање на глобални безбедносни кризи и војни.
Првата задача, како што беше најавено, ќе се однесува на конфликтот во Појасот Газа.
Во јуни 2025 година, американскиот претседател одржа прес-конференција во Хаг на која се пофали со своите достигнувања, за кои верува дека ги постигнал како претседател на Америка.
Еден од примерите што ги наведе Трамп е дека, како што рече, тој спречил потенцијален конфликт меѓу Србија и Косово.
„Србија токму беше на прагот да го стори тоа, но ние го спречивме“, рече Трамп тогаш.

