Регион
ДФ најави нови протести во Црна Гора

Претставниците на црногорскиот опозиционен Демократски фронт (ДФ) најавија дека ќе разговараат со граѓаните ширум Црна Гора и дека ќе одржат нови протести до исполнување на крајната цел-пад на сегашната и формирање на преодна влада која би подготвила нови избори.
Лидерот на партијата Нова српска демократија и функционер на ДФ, Андрија Мандиќ изјави во понеделникот дека опозицијата ја продолжува борбата за која, како што вели, има разработено план кој ќе им биде претставен на граѓаните во сите црногорски општини во следните денови.
По теренската обиколка и разговорите со граѓаните, ќе организираме нови протести, истакна Мандиќ.
„Имаме разработен и конкретен план кој треба да им биде претставен на граѓаните во речиси сите општини“, рече функционерот на ДФ.
Запрашан дали постои план до кога треба да биде одржан новиот голем протест, Мандиќ одговори дека таа одлука ќе биде донесена во директен разговор со граѓаните. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.