Регион
Димитров: Македонија ќе се распадне исто како и Украина

Бугарскиот историчар Божидар Димитров смета дека Македонија ќе се распадне поради тоа што во моментов во земјата се случува истото тоа што се случило во сите „вештачки историски проекти“, пренесуваат балканските медиуми.
Димитров додал дека во оваа земја од 1,2 милиони луѓе, околу 100 илјади Македонци имаат бугарско државјанство.
„Гледате како се распадна Украина, така ќе се распадне и Македонија“, рекол Димитров, кој е директор на бугарскиот Национално-историски музеј. Коментирајќи ги послдните случувања во Куманово, тој рекол дека Албанците го искористиле моментот кога владата на премиерот Никола Груевски ја претворила Македонија во „европска Северна Кореја“.
„Ништо не треба да се очекува нити од опозицијата, но сепак некој треба да го смени Груевски и веројатно со помошта од некоја западна джрава, започна акцијата за негово отстранување, по моделот на киевски Мајдан“, оценил Димитров.
Бугарскиот историчар, кој е и поранешен бугарски министер без ресор, смета дека Груевски ќе поднесе оставка во наредните десет дена.
„Се надевам дека ќе има избори, овој пат чесни“, заклучил Димитров./крај/мф/бс
Извор: Блиц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.