Регион
Додик: БиХ може да биде унија на три држави, во спротивно таа ќе се распадне

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик изјавил дека смета оти Босна и Херцеговина (БиХ) може да опстане само како „унија на три држави“, во спротивно пак таа ќе се распадне, пренесуваат српските медиуми.
Осврнувајќи се на претстојниот референдум кој на 25-ти септември треба да се одржи во Република Српска, а се однесува на славењето на 9-ти јануари како Ден на РС, Додик укажал на тоа дека „сите се за овој референдум“ и дека „БиХ е земја која не служи за ништо друго освен за надмудрување на странците“.
Одговарајќи на изјавата на претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, дека референдумот е пробен балон за отцепување на Република Српска од БиХ, Додик рекол дека се работи за суштински референдум и дека „Изетбеговиќ може да јава на балони“.
Додик додал дека Република Српска следната година на 9-ти јануари ќе прослави 25 години од постоењето и дека тоа ќе биде „голема прослава“. „Имаме грб, химна, еден ден ќе ја вратиме „Боже правда“и и се ќе биде во ред“, заклучил Додик./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.