Регион
Драматичен раст на бројот косовари кои сакаат илегално да влезат во ЕУ
Европската унија доживува остар раст на бројот граѓани од Косово коишто на нејзината територија влегуваат илегално, во 2013 година во Унгарија азил барале шест илјади, додека во првиот месец од годинава дури десет илјади.
Оваа појава е последица од ублажувањето на прописите коишто на косовските граѓани им овозможуваат преку Србија да дојдат до границите на Европската унија, и тоа во моментот кога на Косово трае силнотo политичкo превирање и се зголемуваат уличните протести поради сиромаштијата, невработеноста и корупцијата, се наведува во прилогот на Reuters.
Високата комисија на Обединетите нации за бегалци (UNHCR) објави дека во првите девет месеци од минатата 2014 година стотици жители на Косово влегле во Унгарија и побарале азил, а од септември до декември тој број скокнал на 21 илјада. Унгарското државно биро за доселеници и државјанство објави дека од 14.000 странци кои досега во 2015-та побарале азил, 10 илјади се од Косово.
Последните неколку денови големи групи луѓе се качуваат во Приштина во ноќните автобуси и патуваат во Белград. Меѓу нив е и 18-годишниот Вилсон Бекири, кој во репортажата на Reuters вели дека од српската престолнина Белград со автобус ќе дојде до војводинскиот град Суботица, а од таму илегално ќе премине во Унгарија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Полицаец избоден во Сплит, приведен 18-годишник со психички проблеми
Полицаец е тешко повреден синоќа во Сплит, во период во којшто не бил на должност. Како што соопшти полицијата во Хрватска, нападот се случил околу 22:45 часот, а полицаецот, кој бил во цивилна облека, бил повреден од остар предмет. Околу 23:15 часот, тој бил пренесен во КБЦ Сплит, каде што му била укажана лекарска помош, пренесе „Индекс“.
Имено, тој претрпел повеќекратни убодни рани и тешки повреди на неколку органски системи, а извршена е и обемна медицинска помош. Неговиот живот е во опасност.
Како што неофицијално дознава Индекс, 18-годишен млад човек со сериозни ментални проблеми моментално е под полициски надзор. Една од теориите што ги имаат истражителите е дека тој го избрал полицаецот како жртва сосема случајно.
Полицијата испрати порака за поддршка до повредениот колега и неговото семејство.
„Се надеваме дека нашиот колега, со помош на докторите, ќе се опорави, мислиме на него, стоиме покрај него и неговото семејство во овие тешки моменти“, рекоа тие.
На местото на нападот е спроведена истрага.
Регион
Пленковиќ: По Хрватска, можеби е време некој друг да ѝ се приклучи на ЕУ
За разлика на претходните европски комисии, сегашната има вистинска политичка волја за проширување на Европската Унија, изјави денес во Загреб хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ додавајќи дека е можна некаква одлука до 2030 година ако некои кандидати се технички подготвени.
„За разлика од Комисијата на (Жан-Клод) Јункер или првиот мандат на Урсула фон дер Лајен, кога не чувствував искрена политичка волја во центарот на политиката во Брисел за постигнување проширување за која било земја кандидат, овој пат морам да признам дека атмосферата е малку поинаква“, рече Пленковиќ на Вториот годишен самит на Хрватска.
„Можеби е време некој друг да ѝ се приклучи по Хрватска“
„Овој пат можеме да ја почувствуваме политичката волја во извршната власт на ЕУ, дури и кај повеќето земји членки, дури и кај големите, дека можеби е време некој друг да ѝ се приклучи по Хрватска, која се влезе на 1 јули 2013 година“, додаде Пленковиќ.
Комисијата би сакала да отвори преговарачки кластери со Украина и Молдавија до крајот на оваа година. Сепак, земјите членки одлучуваат за ова едногласно. Досега нема таква едногласност бидејќи Унгарија остро се спротивставува на членството на Украина во Унијата, анализираат медиумите.
Хрватскиот премиер потсети дека постојат две групи земји кандидатки: Украина и Молдавија во едната група, а земјите од Југоисточна Европа и Западен Балкан во другата група, и ја посочи Црна Гора како лидер. „Мислам дека би можеле, ако успеат да бидат технички подготвени, да имаме политичка одлука за некои пред 2030 година“, рече Пленковиќ.
Сепак, тој ги повтори своите тврдења дека апсорпцискиот капацитет на блокот ќе биде клучен за динамиката на проширувањето осврнувајќи се на четвртиот Копенхашки критериум од 1993 година, кој се однесува на буџетските трошоци за проширување и на влијанието на новите членки врз односите меѓу земјите што придонесуваат и оние што го користат.
„Речиси 80 проценти од европскиот буџет, всушност, го полнат 10-те најбогати земји на Унијата, а приближно 20 проценти одат за сите други односи. Побогатите земји, основачите, големите силни економии, не се нужно возбудени што помалите земји, кои многу малку придонесуваат, седнуваат на маса и во суштина одлучуваат за главните политики еднакво, особено кога станува збор за прашања каде што е потребна едногласност“, рече премиерот.
Тој потсети дека Германија, Франција и Италија еднаш се откажаа од двајца комесари во Комисијата во корист на проширувањето.
„А сега тие имаат ист број влијателни луѓе како и земјите што многу малку придонесуваат. Затоа процесот на донесување одлуки и буџетските импликации се во срцето на процесот на проширување“, објасни тој.
Фото: ЕПА
Регион
Лукас: Половина Србија се дружи со Ориќ, нема да остапам ни милиметар пред Додик
Српскиот пејач, Аца Лукас изјави дека доживеал неравда по објавената фотографија со Насер Ориќ и дека „нема да отстапи ниту милиметар“ пред Милорад Додик, кој му го забранил концертот на Јахорина.
За „Аваз.тв“ кажа дека фотографијата погрешно се толкува и дека прв пат го видел Ориќ. Лукас истакна дека не знае дали концертот во Сараево му бил забранет поради неговата претходна поддршка на Додик, додавајќи дека „половина Србија и Република Српска се дружат со Ориќ“.
Откако Олимпискиот центар Јахорина официјално го откажа неговиот настап, Додик изјави дека Лукас „го изгубил кредибилитетот за секое идно гостување во РС“. Лукас му возврати дека тој не барал поддршка од Додик, туку обратно, и дека повторно ќе настапува на Јахорина.
Пејачот нагласи дека нема намера да се извинува за нешто што, според него, е преголема реакција и пример за двојни аршини.
Тој додаде дека не бил свесен кој седел до него кога е направена фотографијата и дека не сака да прави поделби по национална основа, туку „луѓето ги дели на добри и лоши“.
Лукас оцени дека целата ситуација е политички мотивирана, дека никого не навредил и најави правни чекори поради забраната за настапот.

