Регион
Државјанин на БиХ загина во самоубиствен напад во Ирак
Државјанинот на Босна и Херцеговина, Емрах Фојница, инаку обвинет за учество во терористичкиот напад врз амбасадата на САД во Сараево во октомври 2011 година, загинал во Ирак најверојатно извршувајќи самоубиствен бомбашки напад, објави порталот Ummeta близок на радикалните исламистички групи во БиХ и на Балканот.
Дваесет итригодишниот Емрах Фојница загинал во петокот во Ирак, објави порталот но не наведува каде се одиграл неговиот напад, појаснува дека според расположливите информации Фојница заминал за Ирак „да изведе шехидска операција и се преселил во борбите со елек на себе“ со што се сугерира дека најверојатно извршил самоубиствен напад со експлозивен елек.Порталот Ummetа наведува и дека таткото на Фојница „ја поздравил маченичката смрт на синот во Ирак“ кога го известиле „за страдањето“.Емрах Фојница ѝ е попознат на јавноста по тоа што беше обвинет заедно со Мевлид Јашаревиќ од Нови Пазар за напад врз амбасадата на САД во Сараево во 2011 година. Во судската постапка беше ослободен од обвинението, за потоа да замине да војува во Сирија, каде што им се приклучил на џихадистичките единци на тогашната Исламска дражва во Ирак и Шам (Левантот или Медитеранот – ISIL), сегашната Исламска држава којашто во меѓувреме освои големи области во Ирак и прогласи калифат.По сознанието на безбедносните служби дека голем број млади екстремно настроени муслимани организирано одат на боиштата во арапскиот свет каде војуваат на страната на радикалните групи меѓу кои е и Фротнот ан-Нусра и дека има повеќе од десетина загинати, властите на БиХ со неодамнешните измени на кривичниот законик, заминувањето и организирањето заминување на странските боишта го сметат за кривично дело.
Безбедносните служби на БиХ проценуваат дека во Сирија во моментов се наоѓаат меѓу 50 и 70 борци. Според претходните медиумски написи во Сирија војуваат десетици исламски доброволци од БиХ и другите балкански земји, вклучително и од Македонија, а најмалку десетина се загинати и ранети. Досега биле вратени 32 борци, а се претпоставува дека во Сирија останале да се борат уште 20. Министерството за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, како главен мотив за заминувањето на сириското боиште ја наведува сиромаштијата којашто владее во земјата, а доброволците заминуваат во Сирија и меѓу нив има момчиња со по само 20 години, и за тоа наводно добиваа по околу 15 илјади евра. Според полициски извори, рутата до боиштето на коешто досега животите ги загубиле најмалку девет државјани на БиХ оди преку Словенија заминуваат за Виена, а од Виена за Истанбул, па потоа од Турција влегуваат во Сирија. Полицијата има сознанија дека постои организирана мрежа којашто доброволците од БиХ ги испраќа во Сирија. Проценувајќи дека ова станува сѐ поголем проблем, министерството за безбедност на БиХ во декември 2013 година во парламентарна процедура упати предлог закон со кој откако беше прифатен се санкционира учеството на државјани на БиХ во оружени судири во странство. Затворски казни, исто така, се одредени и за оние коишто го организираат заминувањето на доброволци на странските боишта. Досегашните закони во земјата не овозможуваа санкционирање на ваквите постапки, организаторите на регрутирањето, ниту самите доброволци не можат да бидат обвинети за сторени кривични дела. Медиумите како еден од организаторите на заминувањето на момчиња од БиХ на сириското боиште го споменуваат извесен Билал Босниќ од Бужиме, во североисточна Босна, кој воедно важи и за еден од водачите на селефиската заедница во БиХ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.
Регион
(Видео) Вториот најголем вид ајкула снимен во близина на хрватски остров
Интересно суштество беше видено минатата недела во морето во близина на Црес, Хрватска.
Вработените во Институтот „Син свет“ добија видео врз основа на кое заклучија, иако не е најјасно, дека најверојатно станува збор за голема ајкула (Cetorhinus maximus). До овој заклучок дојдоа врз основа на карактеристичниот облик на нејзината грбна перка.
Големата ајкула е вид кој е редок, но постојано присутен по должината на источниот јадрански брег.
Повеќето видувања на ова животно доаѓаат од северниот Јадрански дел, вклучувајќи го и Кварнерскиот залив, кој е добро познат како област на Јадранскиот дел со најголема биомаса на зоопланктон, истакнува Институтот.
Тоа е втор најголем вид ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина од повеќе од десет метри.
Тоа е миграторен вид кој се храни со планктон со филтрирање на морето со широко отворена уста и не е опасен за луѓето.
„Со учество во собирањето податоци од страна на јавноста, добиваме вредни информации што им помагаат на научниците во истражувањето и заштитата на морето. Секоја фотографија, секој совет и секој запис во апликацијата придонесува за подобро разбирање и зачувување на нашиот морски екосистем“, рекоа тие.
Регион
(Фото) Загина планинар во Црна Гора
Црногорски планинар загина на планината Хајла. Неговото тело беше пронајдено вчера на црногорската страна од планината, откако беше пријавен за исчезнат во саботата. Спасувачи од Косово и Црна Гора учествуваа во потрагата, а беа известени од хрватски планинари, соопшти Косовската планинска служба за спасување.
Косовската планинска служба за спасување доби повик од косовската полиција во саботата, 21 февруари, за несреќа што се случила на врвот Хајла, на надморска височина од 2.407 метри. Според првичните информации, SOS пораката ја испратила група хрватски планинари. Тие пријавиле дека црногорскиот планинар се лизнал и паднал во клисура на северната падина од врвот и дека изгубиле секаков контакт со него.
Временските услови во областа биле исклучително тешки, што значително ја комплицирало операцијата за пребарување и спасување. Веднаш по приемот на повикот, Косовската планинска служба распоредила тим планински спасувачи и започнала со координирање на операцијата со колегите од Планинската служба за спасување на Црна Гора. Со оглед на географската локација на местото на несреќата и итноста на ситуацијата, започна прекугранична операција.
Екипите, во тесна соработка со црногорските власти и локалните планинари од Рожаје, ја започнаа операцијата во доцните вечерни часови.
Сепак, поради тешките временски услови и слабата видливост, потрагата беше прекината од безбедносни причини и беше одлучено да продолжи во утринските часови.
Во недела, 22 февруари, за време на обемна потрага што се одвиваше во два правци, беше пронајдено безживотното тело на планинарот Ц.Ф..
Телото беше лоцирано на локација позната како „Јама“, на северните падини на Хајла, на територијата на Црна Гора. По завршувањето на процедурите, телото беше транспортирано и предадено на надлежните институции.

