Регион
DW: “Ердоган би сакал да има поголема моќ на Балканот”
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/redzep-taip-erdogan.jpg)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се уште нема толкава моќ да го контролира Балканот, а преку него да влијае врз европската политика. „Турција нема толкава моќ на Балканот колку што би посакал да ја има Ердоган, изјави во понеделникот косовскиот експерт Еродан Шиполи од Универзитетот Џорџтаун.
Во случај политичката елита од Балканот да има можност да избира таа и натаму ќе продолжи да ја избира ЕУ.
Според него, Ердоган смета дека тој преку Балканот може да влијае врз европската политика.
“Кога станува збор за политичко влијание на Косово, во Албанија и Босна и Херцеговина, Турција дефинитивно е важен регионален играч, но само додека нејзината политика не е во спротивност на интересите на политиката на ЕУ. Бидејќи главната цел на балканските земји е приклучувањето кон ЕУ. Долги години тоа беше целта и на Турција. Сега Турција се оддалечува од неа, а се намалува и нејзиното влијание на Балканот “, вели Шиполи.
Според него, Анкара има најсилно влијание во БиХ, во Македонија, на Косово и во Албанија.
“Се разбира, подобри се трговските односи со Бугарија, како и комуникација со локалната турската заедница отколку со турската заедница, на пример, на Косово. Во реалноста, политичкото влијание на Турција на Балканот не е толку големо колку што таа го претставува. Единствениот начин да се зголеми тоа влијание е ЕУ да го прекрши ветувањето за соработка со земјите од Балканот. Инаку, ако треба да се избира, земјите од Балканот секогаш ќе застанат на страната на Европа, и нема да жалат за Турција “, вели Шиполи.
Тој додава дека не верува дека треба да се очекува дестабилизација на Балканот.
“Турција нема интерес безбедносната ситуација на Балканот да е нестабилна, бидејќи тогаш земјата е целосно опкружена со нестабилни региони. Но, дел од одговорноста е и на земјите членки на ЕУ кои треба да го охрабрат Балканот, а не да се овозможи тој да падне во рацете на Ердоган”, заклучи Шиполи.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-204400.jpg)
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Регион
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/3-13.jpg)
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи, Калин Стојанов.
Мажот (49), кој почина во експлозијата, добил тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, сѐ уште е во критична состојба, пренесува порталот „Новините“.
Стојанов рече дека во магацинот во кој се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.
Регион
Дете починало 7 дена по операција на крајници во Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/23.jpg)
Седумгодишно дете почина вчера, една недела по операцијата на крајници, која беше извршена во Клиничката болница „Свети дух“ во Хрватска.
Седум дена по извршената операција на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат и шест дена по отпуштањето од болница, детето во раните утрински часови било донесено утрово без витални знаци.
Веста за смртта на детето во рок од 24 часа ја потврди директорот на болницата, д-р Игор Алфиревиќ.
„За жал, точна е информацијата дека во четвртокот, 25 јули 2024 година, по реанимација во Обединетата итна болница на Клиничката болница „Свети дух“ почина седумгодишно дете“, рече тој.
Во тек е истрага, а телото на детето е испратено на обдукција.