Регион
Една жртва во поплавите во Србија, илјада семејства загрозени
Во поплавите коишто во понеделникот ја зафатија општината Кладово во источна Србија настрадало едно лице, потврдија официјални извори.
Постара жена го загубила животот во населбата Текија кај Кладово, каде што е најтешка ситуацијата и беше извршена евакуација на населението со чамци и хеликоптери. Кладово од понеделникот наутро е отсечено бидејќи обилните дождови предизвикаа порои од сртовите на планината Мироч и урнаа два моста кои од Неготино водат кон Кладово, а оштетена е и Ѓердапската магистрала кај Текија, пренесе Б92. Началникот на општината Кладово, Радован Арежина вели дека се загрозени повеќе од илјада семејства во населбата Текија и околината.Според последните извештаи на Радиотелевизија Србија (РТС), во текот на изминатата вечер биле евакуиран 300 луѓе, а началникот на Секторот за вонредни ситуација на Министерството за внатрешни работ на Србија, Предраг Мариќ, вели дека во текот на ноќта биле евакуирани уште 300 луѓе. Големи штети поради обилните дождови и силен ветер претрпе и хидроцентралата Ѓердап 1, но нејзината работа не е загрозена, соопшти компанијата „Електропривреда Србије“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Силна бура и дожд во Грција: улиците под вода, во сила црвено предупредување
Бурата Адел ја зафати Атика носејќи силни бури и повремен град. Одредени делови од регионот беа под вода, а властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, објави „Катимерини“.
Според ажурираниот метеоролошки билтен, речиси цела Грција ќе биде погодена од дожд и бури во текот на денешниот ден, а времето се очекува да се подобри дури од недела.
27.11.2025#Greece
Civil Defense issued a red alert for parts of Western Greece due to storms. A magnitude 112 storm was recorded in Corfu and in Aetolia and Acarnania, causing roads to be flooded and rivers to overflow their banks.@meteohellas pic.twitter.com/KTfXl8eIhX— Climate Review (@ClimateRe50366) November 27, 2025
Најголеми врнежи се предвидуваат за западните и за северните делови на земјата, како и за источниот Егеј, каде што бурите може да бидат придружени со град и многу силни ветрови.
Καλημέρα#Rain #storm #athens pic.twitter.com/AiDXwElNTy
— Dimitrios Karvountzis (@DKarvountzis) November 28, 2025
Цивилната заштита е во целосна готовност.
По состанокот на Комитетот за процена на ризикот, државниот апарат беше активиран во областите во кои се очекуваат најинтензивни катастрофи.
Министерството за климатски кризи и цивилна заштита објави дека мерките со највисоко ниво на подготвеност – црвено предупредување – се воведени за северен Егеј и за Додеканезите.
Според метеоролозите, најкритичниот период ќе биде првите 12 часа од петок – од рано наутро до пладне – додека системите на бури ќе се движат кон Додеканезите во текот на денот.
А Атика може да очекува обилни врнежи од дожд, иако помалку интензивни од најзагрозените области.
Противпожарните служби и цивилната заштита се во целосна готовност за можни интервенции.
Обилни врнежи од дожд и бури се прогнозираат за денес во делови од Халкидик, Серес, Кукуш и Солун до попладне на Јонските Острови и во западен и јужен Пелопонез, како и на Додеканезите во текот на вечерта.
Фото: принтскрин
Регион
Речиси 9.000 Турци ја напуштиле Црна Гора по инцидентот со избодениот Црногорец и воведените визи
Од крајот на октомври, кога владата на Црна Гора привремено воведе визи за државјаните на Турција, земјата ја напуштиле 8.935 Турци, соопшти Министерството за внатрешни работи за „Вјести“. Во истиот период биле поднесени 320 барања за виза, од кои 194 одобрени, 29 одбиени, а 97 се во постапка, според Министерството за надворешни работи.
Одлуката за повторно воведување визи следува по инцидентот во подгоричко Забјело кога беше ранет 25-годишен маж. Иако полицијата првично посочи турски државјанин како осомничен, подоцна се покажа дека напаѓачи биле двајца Азербејџанци.
Воведувањето визи предизвика критики и страв од економски последици бидејќи Турците се меѓу најголемите инвеститори во Црна Гора, а турскиот капитал е присутен во речиси 20 отсто од регистрираните фирми во земјата
Министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ изјави дека визите би можеле да бидат укинати за 10 до 15 дена, но конкретен датум не е наведен.
Експертите предупредуваат дека Црна Гора, за да го усогласи визниот режим со Европската Унија, мора да изработи јасен план и да обезбеди дека либерализацијата нема да доведе до злоупотреби или проблеми со миграциите бидејќи ЕУ бара строги гаранции за заштита на своите надворешни граници.
По воведувањето визи, следуваше серија ксенофобични инциденти во земјата: напади врз турски локали, пожар во објекти, обиди за насилство и организирање народни патроли, кои бараа Турци по населбите. Полицијата уапси повеќе лица за насилство, потпалувања и ширење омраза.
Регион
Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби
Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна затворска казна за убиство што го извршил пред 28 години во земјата по што побегнал во Грција, јавуваат грчките медиуми.
Тој беше притворен и уапсен во Катерини во мај по европска потерница. Судските власти од Македонија бараа негова екстрадиција за да издржи 15-годишна затворска казна за убиство од ноември 1997 година врз 37-годишниот Сеат Ибраими.
Злосторството било извршено среде бел ден во центарот на Скопје. На убиството му претходела кратка автомобилска брканица на скопските улици по што Ибраими, возејќи „мерцедес“, излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“ на улицата 11 Октомври. Боцевски застанал зад него, излегол од возилото и го застрелал Ибраими со повеќе истрели.
„Тој самиот, преку своите адвокати, изјави дека во тоа време служел во личната гарда на тогашниот претседател на земјата, Киро Глигоров, и тврдеше дека бил цел на напад од политички причини“, пишува „Ин.гр“.
Според неговите тврдења, тој бил затворен 90 дена, а потоа ослободен, по што побегнал со пасош и се населил трајно во Грција.
„Водам бизнис со соби за издавање во Пиерија“, рекол тој, меѓу другото, кога бил повикан да се појави пред Одборот за жалби за време на расправата.
Оценувајќи дека казната застарила поради истекот на 20 години, според грчкото кривично право, судиите на Советот го отфрлиле барањето за негова екстрадиција во Македонија.

