Регион
Експертите тврдат дека исламистите никогаш не ги враќаат телата на заложниците

Исламската држава никогаш досега не вратила тело на ниеден заложник и според него, најмалку е веројатно џихадистите да го предадат телото, чија фотографија ја објавиле, тврди американски експерт за исламски тероризам во изјава за HRT, кога се уште нема официјална потврда дали хрватскиот државјанин Томислав Салопек е навистина погубен.
Француската фирма за којашто работел Салопек во Египет откри дека киднаперите барале од нив милионски износ за да го ослободат Салопек, но не откриле колку пари точно барале џихадистите.Портпаролот на фирмата изјавил дека цело време биле во контакт со хрватските и француските власти, а првиот одговор на киднаперите им го испратиле еден ден по барањето за откуп.„Барањето го добивме неколку минути откако киднаперите стапиле во контакт со сопругата на Томислав. Барањето не беше потпишано, и немавме никаков контакт освен и-мејл адреса. Следното утро одговоривме на мејлот и побаравме од киднаперите да ни потврдат дека Томислав е жив и им дадвме број на телефон за да не контактираат. Тој мејл го праќвме секој ден, но не добивме одговор“, изјавил портпаролот на фирмата.Хрватските власти се сомневаат дека некогаш би можело да се потврди дали навистина Салопек е обезглавен.Салопек беше киднапиран на 20 јули, а на 5 август се појави снимка на која заробениот Салопек го кажува новото барање на џихадистите, да се ослободат сите муслимански жени од египетските затвори. /крај/мф/ффс
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.