Регион
Ердоган: Хитлерова Германија е пример за ефикасен претседателски систем
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој има намера да ги добие извршните овластувања кои сега како шеф на државата ги нема, ја наведе Германија од периодот на нацистичкиот водач Адолф Хитлер, како пример за ефикасен претседателски систем, пренесуваат во петокот турските медиуми.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, откако дојде на функцијата поради ограничувањата во неговата владејачка Партија на правдата развојот (AKP), којашто тој ја формираше, има намера да го промени Уставот со што претежно церемонијалната улога на шефот на државата би ја претворил во извршна. Тој и во минатото наведуваше дека со тоа би ја остварил турската верзија на политичките системи во САД, Франција или Русија.
На новинарско прашање во петокот по враќањето од посетата на Саудиска Арабија, дали во Турција е можен извршен претседателски систем, а истовремено да се задржи и унитарната структура на државата, Ердоган ги изненади присутните давајќи го примерот на нацистичка Германија.
„Веќе постојат примери во светот. Можете да го видите тоа во такви земји, на пример, како во хитлеровска Германија“, изјавил Ердоган, додавајќи дека и во подоцнежните периоди имало такви примери во многу земји.
Откако неговата исламско-конзервативна партија AKP на ноемвриските избори уште една убедлива победа во последните речиси 15 години, новиот Устав на Турција е во центарот на политичката агенда на партијата.
Не така одамна турскиот претседател најави дека властите може да спроведат два референдума за новиот Устав и транзицијата кон претседателскиот систем на управување. Опозициските партии се противат на претседателскиот систем, обвинувајќи го Ердоган за авторитарност./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

