Регион
Германски медиуми: Балканот станува тампон зона за бегалците
По одржувањето на вонредниот самит за западнобалканската бегалска рута во Брисел, германските медиуми пишуваат дека Европската унија (ЕУ) од Балканот прави тампон зона за бегалците, и покрај тоа што премиерите на Србија, Бугарија и Романија во саботата по трилатералниот состанок истакнаа дека нема да го дозволат ова.
Во анализа на акцискиот план кој во Брисел го усвоија лидерите на десет земји на ЕУ и трите балкански кандидати за членство (Македонија, Србија и Албанија), берлинскиот лево ориентиран дневен весник Tageszeitung наведува дека Балканот ќе ја плати цената на европската политика за одвраќање на бегалците, пренесува Политика.
„Балканот ќе стане една транзитна зона во која `легитимните` бегалци ќе бидат одвојувани од оние кои немаат шанси да добијат азил и кои подоцна ќе бидат депортирани“, пишува германскито весник, додавајќи дека „наместо на бегалците да им биде дозволено да влезат од една земја во друга, како што правеа досега, балканските земји ќе мораат да ги задржат во т.н. hot-spots“.
Како што оценуваат остантите германски медиуми, суштината на усвоениот акциски план од 17 точки е да се забави приливот на бегалци, односно реката на луѓе од Грција до Германија да тече мирно и организирано, и дел од нив да остане во земјите од т.н. балканска рута.
Германската канцеларка Ангела Меркел на германските граѓани им порачала дека Германија е способна да го издржи товарот од големиот број на бегалци кои пристигнуваат во земјата.
„Да, нив ги има многу, но ние сме 80 милиони“, рекла Меркел, признавајќи дека во овие моменти, совладувањето на бегалската криза не е перфектно./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

