Регион
Гласање за доверба на владата на Ципрас на крајот на месецот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара гласање за доверба на владата по 20 август, кога доспева за наплата долгот кон Европската централна банка, изјави во петокот владин претставник откако парламентот го одобри договорот за новиот пакет помош.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара гласање за доверба на владата по 20 август, кога доспева за наплата долгот кон Европската централна банка, изјави во петокот владин претставник откако парламентот го одобри договорот за новиот пакет помош.
Ципрас лесно доби поддршка при денешното гласање во парламентот за документот за прифаќање на меѓународна помош од 85 милијарди евра, поради кои Грција ќе мора да спроведе 40 непопуларни реформи.
Опозициската конзервативната Нова демократија веднаш се огласи и рече дека нема да му пружи поддршка на Ципрас при гласањето за доверба на владата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.