Регион
Голем пад на популарноста на владата на Миро Церар

Словенечкиот премиер Миро Церар забележа пад за еден месец на скалата на најпопуларни политичари од четвртото на 10 место, поддршката ја губи и неговата партија, а бројот на гласачи кои сметаат дека владата работи добро е трипати помал од оние кои го мислат спротивното.
Најновото месечно истражување на јавното мислење на љубљанско „Дело“, чии резултати се објавени во понеделник, покажа дека 18 отсто од анкетираните оцениле дека владата работи добро и дека коалицијата на Церар функционира добро, додека спротивно сметаат 52 отсто. Процентот на оние кои на изборите би гласале за партијата на Церар, Партија на модерниот центар, се намалил од 11,5 отсто во ноември на само 7,6 отсто, покажа испитувањето.
Најголема поддршка, од 13 отсто, доби опозициската Словенска демократска партија, ист резултат како и минатиот месец.
Според оценката на „Дело“, падот на поддршката на владата, а особено големиот пад на премиерот и неговата партија, е последица на судирот на Церар со синдикатите на вработените во полицијата, здравството и културата, но и со локалните власти бидејќи се смалуваат субвенциите кон општините, а јавноста во тоа не го поддржа. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.