Регион
Големо невреме во Србија, издадена црвена тревога

Србија во вторник вечер беше зафатена од големо невреме со олуен ветер, врнежи и грмотевици, а во некои делови на земјата и натаму е црвениот аларм, највисок степен на предупредување за екстремни временски непогоди.
Поројниот дожд проследен со ветер ги зафати западните делови на Србија, па во Лозница се излеа реката Стира и поплави дел од градот. Се појавија свлечишта во Мал Зворник, а без струја останаа одделни делови на Ужице, Ваљево, Крушевац и Врњечка Бања.
Заради невремето во прекин се и неколку локални патишта во источниот дел на Србија.
Државниот хидрометеоролошки завод на Србија со црвен аларм се предупредува дека во централниот и западниот дел на земјата се можни екстремни временски непогоди.
За време на катастрофалните поплави во Србија во средината на мај во Србија настрадаа 54 луѓе, а материјалната штета е проценета над 1,5 милијарди евра. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрватска урива стотина дивоградби покрај брегот

Во наредните три недели на плажата Зрќе во Новалија ќе бидат урнати 124 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот инспекторат на Хрватска, пренесе „Јутарњи“. Од нив, 119 се наоѓаат во камп, а пет се угостителски објекти изградени без дозвола надвор од градежната зона.
Инспекторатот соопшти дека отстранувањето ќе се врши на трошок на сопствениците и е проценето на околу 720 илјади евра. Акции за уривање на нелегални градби ќе има и во други делови oд Хрватска.
Од 2019 година досега во таа земја се отстранети повеќе од 2300 нелегални градби, спроведени се повеќе од 42 илјади инспекциски надзори, поднесени се 334 кривични пријави, а изречените парични казни достигнуваат 16,5 милиони евра, соопшти Инспекторатот.
Регион
Бугарија може да му дозволи на Путин да прелета над земјата за да се сретне со Трамп во Будимпешта

Авионот што го превезува рускиот претседател Владимир Путин би можел да добие права за прелет над Бугарија, за да може рускиот лидер да присуствува на состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, според министерот за надворешни работи Георгиев, објави државното радио.
„Доколку има напори за постигнување мир, ако тоа е услов за одржување на состанок, тогаш најлогично е да се овозможи состанок од ваков тип на изводлив начин“, рече Георгиев, според извештајот.
Георгиев зборуваше на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Една можна воздушна рута од Москва до Будимпешта ги опфаќа Црното Море, Бугарија и Србија, но бугарскиот воздушен простор е затворен за руски авиони од инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Други рути се протегаат на север, низ Белорусија и Полска или преку Балтичкото Море, Германија и Чешка. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, кои се задолжени за подготовка на самитот Путин-Трамп, разговараа во понеделник, објави руското Министерство за надворешни работи.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде потерница по Путин, а Унгарија е во процес на повлекување од таа меѓународна институција.
Москва го отфрла обвинението на МКС и ја прогласува потерницата по Путин за доказ за непријателството на Западот кон Русија.
Регион
(Фото) Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

Утрово, во Нови Сад, е пронајдено безживотно тело на новороденче, а кратко потоа е уапсена жена за која се сомнева дека е мајката на детето, пренесува „Нова.рс3.
Жената е затекната само на 50 метри од местото на кое е пронајдено телото, во влез од зграда, по што полицијата веднаш ја привела.
View this post on Instagram
Полицијата го блокирала просторот каде што е пронајдено детето. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен случај.
Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин