Регион
Грција: Илјадници бегалци во Атина

Два брода со повеќе од четири илјади бегалци минатата ноќ пристигнале на атинското пристаниште Пиреја, пренесува BBC, додека истовремено во Будимпешта стотина бегалци, воглавно од Блискиот Исток, чекаат на железничките станици да се качат на возовите кон западна Европа, но полицијата ги спречува во тоа.
Агенцијата на Европската унија (ЕУ) за контрола на границите, Фронтекс, соопштила дека за време на минатата недела во Грција пристигнале 23 илјади бегалци, што е зголемување за 50 отсто во однос на претходните седум дена.
Оваа година во Грција пристигнале повеќе од 160 илјади бегалци, бројка поголема од онаа за целата 2014 година. BBC додава дека се стравува дека најмалку 11 бегалци, за кои се верува дека се Сиријци, минатата недела се удавиле кога од турското крајбрежје со чамци се обиделе да стигнат до грчкиот остров Кос.
Грчката влада соопштила дека не е во состојба да згрижи толкав број на бегалци, додека хумантираните организации сметаат дека властите мораат да направат многу повеќе за бегалците.
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос го повикал својот француски колега Франсоа Оланд да придонесе за тоа ЕУ на највисоко ниво да разговара за состојбата со бегалците./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.