Регион
Грција легализира хомосексуални заедници

Грција се подготвува по прв пат да даде правна рамка за хомосексуалните парови и да им пружи можност за примена на договорот за слободна заедница од 2008 година од кој експлицитно беа исклучени под притисок на црквата.
Грчкото министерство за правда предаде нацрт закон, за кој би требало да се гласа на 22 декември. Грција на тој начин ќе ги исполни своите обврски, откако во 2013 година европскиот суд за човекови права ја осуди за дискриминација по жалбите на хомосексуалните активисти.
Малата десничарска партија Анел, сојузничка на Сириза во владејачкото мнозинство, навести дека би можела да гласа против, но владата на Алексис Ципрас се надева на поддршка од опозицијата.
Освен отворањето на договорот за слободна заедница на хомосексуалците, со предлог законот им се прошируваат правата во фискални предмети, пензии и наследство, со што им се пружа еднаков статус како на венчани парови, освен што не им се дава право да усвојуваат деца.
Високото православно свештенство засега не го изнесе својот став. Претходно под притисок на црквата, десноориентираната влада во 2008 година експлицитно ги исклучи хомосексуалните парови од договорот за слободна заедница. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.