Регион
Грчкиот парламент го прифати третиот пакет помош
Грчкиот парламент во петокот утрото, по целоноќната расправа, го прифати третиот пакет меѓународна финансиска помош во износ од дополнителни 85 милијарди евра, главно благодарејќи на гласовите на опозицијата. Законот беше прифатен со 222 гласа „за“, 64 „против“ и 11 воздржани пратеници.
Премиерот Алексис Ципрас ги повика пратениците пред гласањето да го поддржат договорот со меѓународните доверители, кој, како што оцени, ќе ѝ осигури „опстанок на земјата и продолжување на борбата“. Предупреди, неколку часа пред состанокот на министрите за финансии од еврозоната на кој ќе се одлучува дали ќе биде одобрен новиот пакет помош за Грција, дека меѓузаемот, заменското решение што го предлага Германија, всушност „бил враќање во бесконечната криза“.
„Некој тоа упорно го посакува, а ние сме договорни тоа да го спречиме, да не го олесниме тоа“, рече грчкиот премиер Ципрас по дебатата во парламентот која траеше цела ноќ кон петокот чија претседателка Зоја Константиоулу жестоко се противи на новиот пакет помош од 85 милијарди евра во замена за спроведување нови мерки за штедење.
Во грчкиот парламент целата ноќ се редеа жестоки дебати за новата програма помош којашто вклучува измени во пензискиот систем, намалување на државната потрошувачка, зголемување на даноци. На Ципрас му беше неопходно да добие одобрение од парламентот за ткн Меморандум за разбирање (MoU), за подоцна во петок да го усвои еврогрупата. Тоа би создало пристап за исплата на помошта на 20-ти август, кога доаѓа за наплата долгот од 3,3 милијарди евра кон Европската централна банка.
Во четвртокот дебатата по комисиите и натегањата околу процедуралните прашања траеја дури девет часа, па пленарната седница започна по полноќ и заврши со гласањето во 9 часот наутро.
Челникот на најлевата фракција во владејачката Сириза, Панајотис Лафазанис, поранешниот министер во владата на Ципрас, повика на основање ново движење против третата програма за надворешна финансиска помош на Грција во последните пет години кои вкупно надминаа 320 милијарди евра. Владата на тоа реагираше дека Лафазанис одлучил „да тргне по друг пат од оној по којшто одат владата и Сириза“. Владата претходно ја бранеше програмата како тешка, но неопходна за земјата да го избегне финансискиот колапс./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos

