Регион
Ѓукановиќ: Русија пумпа пари во предизборната кампања во Црна Гора
Русија пумпа пари во црногорската предизборна кампања во обид да ја оттргне земјата од патот кон НАТО, рече црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во четврток во интервју за Reuters.
Тој рече дека Москва ги финансира опозиционите партии кои неделните парламентарни избори ги гледаат како последна можност да го запрат црногорското пристапување во Европската унија(ЕУ) и НАТО.„Русија ангажирала сериозен финансиски потенцијал, кој, претпоставувам, го овозможиле нејзините олигарси, а кој е насочен преку тајни канали низ Србија и Република Српска“, рече Ѓукановиќ. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.
Регион
(Видео) Вучиќ за состојбата на министерот Ивица Дачиќ: Се молиме за него
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е примен на полуинтензивна нега во Клиничкиот центар на Србија и е во сериозна состојба.
Дачиќ моментално е на апарати и е во критична состојба. Дијагностициран му е билатерална пневмонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава пред Клиничкиот центар на Србија:
„Вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е во тешка ситуација“, кажа претседателот на Србија пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, каде што го посети со членови на владата.
„Ги посетивме сите заедно вицепремиерот и претседателот на Социјалистичката партија на Србија, тоа е тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, рече Вучиќ.
Според лекарот што го лекува министерот Дачиќ, ситуацијата е многу тешка, Дачиќ има тешка пневмонија.
„Тој моментално е на механичка вентилација, односно респиратор, прима сè што му е потребно, ја прима најдобрата антибиотска терапија, со тој респиратор купуваме време потребно за тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тој беше примен на Клиниката за пулмологија околу 16:30 часот. Следните неколку дена ќе ни дадат повеќе одговори, се надеваме на најдоброто“, рече д-р Попевиќ, кој го лекува Дачиќ.
Регион
Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба
Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна состојба, поврзан на респиратор, потврди неговата канцеларија, колегите и лекарите.
Пулмологот Спасоје Попевиќ им изјави на новинарите дека состојбата на министерот Дачиќ е „многу тешка“ и дека лекарите се борат за неговиот живот.
„Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, добива сè што му е потребно, сите лекови, терапија – со тој респиратор, што е метод на лекување – купуваме време потребно за овие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Станува збор за тешка пневмонија и борба за неговиот живот“, рече доктор Попевиќ.
Дачиќ беше хоспитализиран вчера во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија, а Попевиќ се воздржа од прогнози.
„Прерано е за тоа, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори за тоа како да продолжиме“, рече Попевиќ.

