Регион
Хрватска подготвена да ја отстрани блокадата за Србија, двете страни постигнаа договор за поглавјето 26
Хрватска е подготвена да се откаже од своите резерви во однос на отворањетона поглавјето 26 во преговорите помеѓу Србија и ЕУ, откако во петокот во Белград беше решено прашањето за учебниците за хрватското национално малцинство, изјавил хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Давор Иво Штиер.
„Српскиот министер за образование во петокот во Белград со претставниците на хрватскиот национален совет и Заводот за учебници потпиша анекс договор со кој се регулира прашањето за учебниците, не само за нивното преведување од српски на хрватски и од кирилица на латиница, туку во него ќе има и посебни додатоци, односно содржина за хрватското малцинство“, рекол Штиер.
Шефот на хрватската дипломатија ја поздравил таквата одлука и додал дека „ова е добар ден за хрватското малцинство во Србија“. Хрватска на меѓувладината конференција во Брисел на 13-ти декември не се откажа од своите грижи во поглед на отворањето на поглавјето 26, кое се однесува на образование и култура бидејќи Србија, како што потенцираше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, не ги исполнила своите обврски кон хрватското малцинство.
Српските претставници потоа упатија жестоки критики кон хрватските власти, но официјален Загреб од почетокот тврдеше дека се работи за непотребно драматизирање на прашањето и дека Србија може ова лесно да го реши./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.