Регион
Хрватска, Романија и Бугарија меѓу најкорумпираните членки на ЕУ
Хрватска, Романија и Бугарија ја предводат групата од четиринаесет земји од ЕУ кои имаат натпросечно ниво на корупција, се наведува во истражувањето коешто го објави агенцијата Hina во средата, а според индексот на ризик од корупција во јавните набавки, Хрватска е на самиот врв, пред Купар, Литванија и Романија.
Хрватска е членка Европска унија со најголемо ниво на корупција во јавните набавки, и со Романија и Бугарија спаѓа во редот на најкорумпираните држави во ЕУ, покажа истражувањето кое го нарачало Европскиот парламент, а го спровело институтот RAND Europe.
Хрватска, Бугарија, Романија и Латвија поради корупцијата годишно губат по околу 15 отсто од бруто домашниот производ (БДП).
Анализата што ја направил непрофитниот институт, која почива на три сценарија и неколку методолошки пристапи, покажала дека корупцијата Европската унија на годишно ниво ја чини меѓу 179 и 990 милијарди евра.
Корупцијата има значително општествено и политичко влијание, бидејќи ги поттикнува нееднаквоста, организираниот криминал, послабото владеење на правото, помалиот одѕив на изборите и недовербата кон европските институции, истакнуваат авторите на истражување.
Од тие причини RAND Europe предлага законски и регулаторни мерки на државни нивоа, а ниедна од нив за проширување за заштитниот Механизам за соработка и проверка (CVM) на поголемиот број членки на ЕУ
Механизмот CVM е мерка којашто ја покрена Европската комисија пред влегувањето на Романија и Бугарија во Европската унија, за да ги помогне тамошните правосудните реформи, како и во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Затоа RAND Europe предлага о основање на Европско биро на јавен обвинител, кое би го проширило ограниченото подрачје на дејствувањето на OLAF, европското биро за справување со измами и воведување на јавниот систем на набавки (e-procurement)./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

